Не само што се убавици, туку овие девојки заработуваат вртоглаво многу.
Форбс ја објави листата на „златни девојки“ кои во 2016 година направиле големи заработувачки. На 10-то место се најде Кејт Мос со заработка од 5 милиони долари. Веднаш пред неа е Лара Стоун со 5 ипол милиони долари годишно, а на 8-т место е Русинката Наталија Водјанова, со нешто повеќе од 5 ипол милиони. Со 6 милиони долари годишна заработка на седмото место е рангирана Миранда Кер, а на шестото место се најдоа ангелите на Викторија сикретс- Лиу Вен и Кендис Свонепул со 7 милиони долари.
5-тото место е за Кара Делевињ која во 2016 година заработила 8 милиони долари, пред неа – со милион повеќе – се Џиџи Хадид и Роси Хантингот Вајтли.
На третото место се Карли Клос и Кендал Џенер, двете со по 10 милиони долари. Второто место и припаѓа на Адријана Лима со 10 ипол милиони, а на право место е повторно Жизел Бундех (веќе повеќе години последователно). Годишната заработка на Бундхен е неверојатни 30 ипол милиони долари годишно!