10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Имате голем избор кога станува збор за вдомување куче. Може да изберете да го купите вашето куче од одгледувач или да вдомите улично куче. Ние сме секогаш за ова второто. Исто така, треба да одлучите дали би сакале мало кутре или големо куче. Откако го добивте вашиот крзнен пријател, можеби ќе помислите дека сте завршиле со донесување одлуки.

Сепак, треба да ја донесете можеби најважната одлука од сите: Како ќе го именувате вашето домашно милениче? Ако се двоумите, погледнете ја оваа листа. Сигурно ќе пронајдете нешто што ви одговара најдобро. Еве неколку најпопуларни имиња на кучиња:

Бади

Кога станува збор за именување на вашето куче, навистина не можете да погрешите со името „Бади“. Тоа е слатко, забавно и погодно за скоро секоја раса. Откако се случи филмот „Air Bud“, ова име стана уште попопуларно.  На крајот на краиштата, вашето куче е вашето малечко другарче, ваше „бади“.

Моли

Моли е скоро женскиот еквивалент на„Бади“. Името одговара за кучиња од сите раси и големини. Без разлика дали имате чивава, ротвајлер или нешто помеѓу, „Моли“ дефинитивно треба да биде кандидат на вашата листа на потенцијални имиња на миленичиња.

Дјук

Ова е уште едно класично име што сопствениците на кучиња имаат тенденција да го фаворизираат. Дјук (војвода) е особено популарно име за поголемите раси кои се познати по лојалноста, како волчјаците, лабрадорите или ретриверите. Сепак, одлично прилега и на помалите раси што поседуваат кралски квалитети, како што е Јоркширскиот териер. Инаку Дјук е име и за машки и за женски кучиња.

Лола

Ако барате име на женско куче со мала големина,  Лола може да биде одличен избор. Лола е едно од најмодерните и најчести имиња на миленичиња. Забавно е да се изговори и сигурно ќе донесе насмевки секогаш кога ќе го запознаете вашето домашно милениче со вашите пријатели, членови на семејството и познаници.

Беар

Сопственик на куче може да го избере ова име и меѓу другото затоа што неговото милениче е големо како мечка.
Ако штотуку донесовте дома огромно куче, со мускули и густо крзно, Беар може да е токму името што го барате!

Рајли

Рајли е одлична опција за разгледување ако имате ново милениче кое е активно или уникатно. Може да се користи и за машки и за женски кучиња од која било раса. Рајли е моментно најтрендовското име за кучиња, но сè уште не е претерано користено.

Луси

Друго популарно име за женско куче е Луси. Особено е соодветно ако вашето куче е со црвеникава нијанса бидејќи ова име честопати ги тера луѓето да помислат на омилената црвенокоса глумица Лусил Бол. Сепак, Луси може да биде исто толку прилагодливо име и за кучиња со други нијанси на крзното. Ова весело име најверојатно ќе остане популарно уште многу години.

Самсон

Можеби сте вдомиле силно куче и сакате да му дадете исто толку силно име. Ако е така, Самсон е совршен избор. Ова име е поврзано со силата, како и со долгата коса. Тоа е одлична опција за кучиња со долги влакна, како што се англиските овчари. Од друга страна, може да биде и комичен избор за оние со минијатурни димензии.

Бела

„Бела“ на италијански значи „убава“, па затоа е одлично име за раси кои обично се сметаат за привлечни, како што е впечатливиот Вајмаранер или симпатичниот Померанец. Дури и ако имате мешавина од раси,кученце со убаво лице, Бела може да биде полн погодок. На крајот, вашето кученце секако изгледа најубаво за вас. Секое куче е убаво на свој начин!

Макс

Макс со години останува високо на листата на најпопуларни имиња за машки раси во сите форми и големини. Може да биде дури и избор за женско куче. Макс е, исто така, име кое е лесно за изговор, што го прави идеално при обука на кучето кое веднаш ќе се сврти на своето звучно и кратко име.

x

Check Also

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ...