10 најпродавани и најпосакувани машки парфеми (за сега) во 2016 година

Глобалнот Интернет шопинг центар, Амазон, ја објави листата на 10 најпосакувани машки парфеми од почетокот на годинава до месец мај, 2016.

Според продажбата на овој интернет сајт, еве ја листата на најпродавани топ 10.

10.

Swiss Guard од Swiss Guard 

Секако има причина зошто овој не толку познат парфем на нашите простори се најде на високото десетто место на најпродавани парфеми. Можеби, една од причините е и цената, се продава за 10 долари.

parfem 10

9.

Adidas Team Force од Adidas

Со цена од помалку од 9 долари, спортскиот Adidas Team Force е на 9-то место.

parfem 9

8.

Paco Rabanne 1 Million

Сладок и свеж, со миризба погодна за секоја сезона.

parfem 8

7.

Nautica Classic For Men од Nautica

Лесен, свеж и едноставен, совршен е за секојднева употреба. Особено се препорачува за потоплите денови.

parfem 5

6.

Mont Blanc Legend

Ако не сакате да експериментирате, и сакате сигурно решение, ова е совршениот парфем. Оттука е и рангиран на 6-то место, бидејќи ги погодува сите вкусови.

parfem 6

5.

Nautica Blue

Уште еден евтин, но воопшто не лош парфем од Наутика. Лансиран во 2005 година, Наутика Блу од самото појавување е високо на листата на најпродаваните.

parfem 7

4.

Guess Seductive Men

Најкупуван е од младите, од средношколците и студентите. Дизајниран е за самоуверени мажи кои не се плашат да мирисаат секси, а инаку има многу слатка нота што го прави совршен за сезоните есен и зима.

parfem 3

3.

Cool Water By Davidoff For Men

Многумина велат дека Cool Water е поевтина верзија на Green Irish Tweed, но не е така, GIT има нота на свежа трева, а Coolwater има нота на море/океан. Свеж и лесен овој парфем е идеален за топлите денови. Најкупуван е од младите на возраст меѓу 15 – 25 години.

parfem 4

2.

Acqua Di Gio од Armani

Не е изненадување што овој парфем е втор и на оваа листа, зашто е еден од најпопуларните парфеми на сите времиња. Станува збор за лесен, свеж, парфем кој не содржи зачини, и многу е пријатен.

parfem 2

1.

Nautica Voyage By Nautica For Men

Број 1 најпродаван парфем на Амазон е Nautica Voyage од Nautica.

parfem 1

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...