10 најубави острови во сопственост на славните (ФОТО)

Островот Исла Бонита е веројатно најскапиот мал, приватен остров на светот, а негов сопственик од неодамна е Роман Абрамович кој го купи за 90 милиони долари.

ostrov 1

Рики Мартин е вљубен во крајбржјето на Бразил. Во 2008 година си купи мало островче во близина на Рио, Ангра дос Реис, плаќајќи за своето местенце од соништата 8 милиони долари.

ostrov 2

Островот во сопственост на Бил Гејтс е познат на јавноста, но непознато е колку го платил. Станува збор за најголемиот остров во Белизе (независна уставна монархија во Средна Америка).

ostrov 3

Најславниот приватен остров е Некер Ајланд, во сопственост на Ричард Бренсон. Сопственикот на „Вирџин“ често се забавува тука со своите пријатели, а најчесто тука ја дочекува и Новата година.

рицард

Грчкиот остров Скорпиос е во сопственост на Атина Оназис, внуката на Аристотел Оназис. Островот порано припаѓал на Аристотел и токму тука заедно со Џеки О. ги минувале летата. „Тежи“ 200 милиони евра. На овој голем остров чести гости се и Бил Гејст, Џорџо Армани и Мадона.

ostrov 5

Архипелагот наречен Свет (The World) во Дубаи е конструиран во облик на мапата на светот. Оттука му е и името. Делови од островите за 7 милиони долари купија Памела Андерсон и Томи Ли. Од неодамна сопственик на мало островче тука е и Формула 1 возачот – Шумахер.

ostrov 6

Леонардо ди Каприо со својот остров е сосед на Бил Гејтс. Островот се наоѓа во Белизе, се вика Блекадор, а за него платил 1.75 милиони долари.Поседува идилични 104 акри, а познат е како еко-ресорт.

ostrov 7

Островот Маго во Фиџи е приватен рај на Мел Гибсон. Поседува 5.400 акри, а „тежи“ 15 милиони долари. Ова е и најголемиот приватен остров на Тихиот Океан.

ostrov 8

За 29 милиони долари Селен Дион стана сопственик на островот Ле Гањон кој се наоѓа во нејзината родна земја, Канада, во близина на Монтреал.

ostrov 9

М.М

x

Check Also

Неделен хороскоп (12. до 18.април): Спокојство за Раковите, стрес за Стрелците, љубов за Биковите и Рибите

Оваа недела планетата Венера ќе го напушти знакот на Овен за да ...