10 нови идеи за здрав и брз појадок

Ви недостигаат идеи за здрав појадок?

Благодарение на нутриционистите, креативни идеи секогаш пристигнуваат нови. И годинава, во центарот на вниманието за појадок се овесот, јогуртот, кокосовото млеко и млекото од соја, јајцата на сите начини (секако и во сендвич), авокадото, путерот од кикиритки…Нови се само начините на кои може да ги комбинирате.

Еве 10 идеи за суперздрав појадок кој ќе ви овозможи енергичен почеток на денот, а бргу се подготвува.

Интегрален леб намачкан со путер од кикиритки, 1 исечкана банана и чиа семки.

Смути од шумско овошје и кокосово млеко

Овесна каша со зрнесто овошје

Кајгана со спанаќ

Овесна каша со бадеми/лешници/ореви, чиа семки и црно чоколадо

Смути од путер од кикиритки (1 голема лажица), 1 банана и млеко од соја

Тост со домашен џем, пршут и смокви

Тост со листови лосос

Јајце на „око“ со сезонски свеж зеленчук

Тост со авокадо и јајце

 

x

Check Also

Што да се јаде за трајно да се загубат килограмите

 „Скокате“ од диета на диета, некои се повеќе успешни, а други без ...