Новата колекција на Манго содржи преубави модни парчиња од плиш кои се совршени за посвечени пригоди, но и за празничната атмосфера на новогодишните празници кои се пред нас.
Плишаните костуми пак, кои изгледаат многу елегантно може да ги носиме и за деловна атмосфера доколку преферираме софистициран изглед.
Дополнително, тука се и модните додатоци од плиш кои придонесуваат за елегантен финиш на целокупниот изглед – чантите од плиш и плишаните чизмички.
Во фотогалеријата погледнете ги 10-те наши фаворити од Манго за зима 2017.