10 прашања и одговори за загрижените родители на првачињата

Втората недела од училишната година изминува, а родителите и натаму се во постојана потрага по одговори за тоа што е најсоодветно за нивните деца. Најголемите дилеми сепак ги имаат родителите на првачињата, па еве неколку одговори на прашањата што најмногу ги мачат.

skolo1

1. Има ли разлика помеѓу децата што долго оделе во градинка и оние што оделе само една година?

Нема разлика. Ако постои таква разлика помеѓу децата што долго време оделе во градинка и оние што не оделе, тоа најчесто е последица на нешто друго, потешкотија во социјализацијата или во адаптацијата.

2. Што ако детето одбива да оди во училиште и се враќа дома потиштено и тажно, наместо полно со приказни и доживувања?

Во моментите кога детето искажува страв, потиштеност или загриженост можеме низ игра да дознаеме што се случува. На пример, да прошетаме со нашето дете до училиштето, да поразговараме со вработените, да го разгледаме одделението. Може да глумиме училиште дома, а со својата смиреност и јасно искажување поддршка, во најголем процент ќе успееме во намерата да ја откриеме загриженоста на нашето дете. Би било добро и да се информираме кај наставничката дали имало некакви несогласувања и какви се нејзините впечатоци во врска со тоа. Ако нашето дете не е веднаш одушевено од училиштето, не значи дека сè било лошо.

3.Како да ги облекуваме децата за на училиште, официјално или едноставно?

Тргнувањето на училиште е важен момент во животот на секое дете, а во сите прилики што ни се важни, ние со својот изглед и однесување го искажуваме тоа. Доколку не носи униформа, детето треба да го облечеме едноставно и уредно, во облека во која се чувствува удобно и во која лесно се движи, во согласност со временските прилики. Свечено и официјално облекување, со кое се истакнува материјалната моќ, не се препорачува.

4. Како да се справиме со проблемите со концентрацијата и седењето во клупа?

Ако децата на возраст од 5, 6 или 7 години што немаат други потешкотии, како хиперактивност или АДХД, имаат работни навики, внимание и концентрација, тоа е доволно за да не им пречат на обврските на другите деца.

5.Дали е подобро детето да тргне на училиште порано или подоцна?

Ако детето има вештини и го достигнува соодветниот социјален, емоционален и когнитивен развој, а не се работи за голема разлика во годините, во тој случај е сеедно дали детето тргнува на училиште на 5,5 или на 6,5 години.

sm2

6. Како да се справиме со домашните задачи, дали родителите треба активно да учествуваат во секојдневната работа со детето?

Домашните задачи вообичаено не ги радуваат децата, бидејќи им одземаат од времето за игра. Ако детето научи дека може да го испланира времето за пишување домашни и тоа да трае ограничен период, по кој му останува доволно време за игра, полесно ќе ги прифати обврските. Во почетокот треба да им помагаме на своите деца околу домашната работа, сè додека детето не ги совлада техниките на учење и пишување. Ако и по тој период на детето му требаат помош и поддршка, треба да го охрабриме и да му помогнеме во процесот на осамостојување.

7. Треба ли истовремено со почетокот на училиштето, да го запишеме детето на вонучилишни активности?

Ако детето и пред училиштето посетувало спортски или други активности, може да продолжи со нив, но една до две вонучилишни активности се сосема доволни.

8. Дали на детето треба да му се скратат старите навики за сметка на новите училишни обврски?

Детето треба да го пуштиме нормално да си игра, бидејќи во училиштето учат сè, согласно со возраста.

9. Кога треба децата да одат на спиење?

Одењето в кревет помеѓу 20.30 и 21 часот е најпрепорачливо време во работните денови. 9 до 10 часа сон е она што им треба на првачињата за да бидат во добра ментална и физичка кондиција во текот на целиот ден.

10. Како да постапиме со насилството помеѓу врсниците?

Булингот е тема за себе, но психолозите препорачуваат „Нулта интервенција“. Наставничките се главни! Ако наставничките ги сосечат во корен погрдните зборови, исмејувањето и малтретирањето, несомнено ќе успеат! Ако булингот не се спречи веднаш, подоцна е многу потешко. Никој не смее да биде заложник на нечиј темперамент и затоа треба веднаш да се заменат улогите, по што децата многу брзо сфаќаат за што се работи.

Отворајќи ја темата за дилемите што ги мачат младите родители на првачињата, Скопје сити мол сака да им ја даде својата искрена поддршка и уверување дека со многу љубов, бескрајна топлина, внимание и грижа, успехот како родител нема да изостане.

Дополнително, за да им овозможи на сите родители сè што и самите посакуваат за своите најмили, Скопје сити мол ја креираше големата училишна промоција „Колку грепки, толку петки“ со многу настани, подароци, активности и огромен избор на училиштен прибор, охрабрувајќи ги родителите да ја бараат најдобрата вредност за своите пари и да уживаат во одличниот амбиент и во најголемиот асортиман на училишна опрема во градот.

x

Check Also

Fit Family дел од Моден Викенд Скопје

Тренд во светот, а сега достапен и кај нас – Fit Family ...