Кара Делевињ е една од денешните супермодели кои се многу актививни на социјалните мрежи. 22 -годишната британска убавица е родена во Лондон, висока е 177 см, и ужива да прави смешни фаци пред фотообејктивот, па дури и „селфи“ фотографии.
Еве еден поглед на 10-те забавни факти кои можеби не ги знаевте за Кара Делевињ.
1.
Најзабавен дел од снимањето на кампањата за Барбери, заедно со Кејт Мос, за Кара бил моментот кога и двете позирале голи.
2.
Кара го заштити своето име, а тоа и дава ексклузивно право да го користи за маркетинг цели.
3.
Иако позира уште од својата 10-годишна возраст, за неа јавноста слушна дури во 2012 година кога ја открива Кристофер Бејли за Барбери.
4.
Џоан Колинс и е кума.
5.
Стана ангел на Викторија сикрет во 2012 година.
6.
Убаво пее.
7.
Свири на тапани. Оттука и ја најави кариерата во музичките води.
8.
Зад себе има и актерска кариера. Порано се плашела дека никогаш нема да биде глумица штом веќе еднаш станала модел.
9.
Кара е фан на „тверкинг“ (танцување, „мешање“ со задникот).
10.
До неодамна Кара не внимаваше на здравата исхрана. За Вог рече – „до пред еден месец јадев тестенини, пица, палачинки. Само откривав убава храна. До неодамна не знаев што е тоа квиноа, а сега ја обожавам.