10 работи кои (можеби) не ги знаете за Кира Најтли

Од нејзиното прво појавување во филмот „Јама“ (2001), потоа и во „Играј како Бекам“ (2002) многу работи се променија за Кира Најтли која денес е една од нејценетите холивудски глумици.

И додека го чекаме новиот филм „Имитејшн гејм“ во кој ќе ја видиме оваа убавица, да се потсетиме на 10 факти од нејзиниот живот.

На 6-годишна возраст веќе имала агент

k1

На само 3-годишна возраст побарала од нејзините родители да добие агент, бидејќи и двајцата веќе имале свои агенти, татко и како актер, а мајка и како драмски писател. Родителите и одговориле да почека уште некоја година и ќе има и таа свој агент. Договор со агент потпишува на 6-годишна возраст.

Не знае да танцува

k3

Најтли еднаш призна дека не е талентирана за танц. За улогата во Ана Каренина имала интензивна 12-часовна сесија по танц, но повторно признава дека и покрај тоа таа е ужасна танчерка.

Суперинтензивни тренинзи за Крал Артур

Подготвувајќи се за филмот Крал Артур, Кира посетувала часови по бокс, борење, стрелаштво и јавање на коњ четири дена неделно цели три месеци.

Се омажила поради забава

Кога нејзиниот маж Џејмс Рајтон ја запросил, таа признава дека прифатила бидејќи тоа и изгледало како забавна работа што може да се направи.

„Кога Џејмс ме запроси, помислив – Па, претходно го немам направено никогаш тоа. Ми изгледа како забавна работа“.

Сиена Милер и е најдобра пријателка

k900

Знаевте ли дека Сиена Милер е најдобрата пријателка на Најтли? По филмот The Edge of Love во 2008 година тие станаа неразделни.

Не била популарна во гимназија

Сама вели дека не била многу популарна девојка во гимназија.

„Немав никогаш момче воопшто додека бев на училиште“.

Имала дислексија

k4

На училишна возраст се соочувала со проблемот на дислексија, но го надминала со помош на родителите.

„Мајка ми велеше – ако те гледам со книга во раката и со насмевка на лицето цело лето, ќе добиеш агент“.

Многу талентирана пејачка 

Иако не е талентирана за танц, Кира е талентирана пејачка. Таа убаво пее во филмот Пиратите од Карибите.

Се појавува во видеото за Don’t Wanna Let you Go

Веројатно малкумина ќе се сетат дека во 2.000 година Кира се појавува во спотот на песната Don’t Wanna Let you Go.

Смета дека Орландо Блум бакнува супер

k100

Зборувајќи за нејзиното искуство во Пиратите од Карибите таа објаснува дека нејзиниот партнер во филмот Џони Деп е „прекрасен, прекрасен, прекрасен…и многу кул“, а за Орландо Блум вели -„можам да известам дека тој супер бакнува“.

 

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...