10 работи кои на мажите им се поважни од добриот изглед и стил кај една жена

Работите кои мажите ги сакаат често немаат никаква врска со изгледот, големината на градите или други нешта за кои мислиме дека тие ги сакаат.

sl234

Иако физичкиот изглед е она што повеќето од нив прво ќе го забележат, ако девојката навистина ги интересира, тогаш изгледот станува помалку важно прашање, а поважни им се некои други нешта.

1. Жена која знае да слуша

Повеќето мажи ги ценат жените кои знаат да ги сослушаат кога имаат одреден проблем. Затоа ако имаат нешто да ви кажат, сослушајте ги,  покажете им дека се грижите. Тоа подразбира одредено трпение, бидејќи на мажите им треба некое време за да прифатат одреден проблем пред да се подготват да зборуваат за тоа. Избгнувајте да кажете „ти реков” или да им давате лекции.

2. Спонтаност

Бидете спонтани и свои, бидејќи вистинската љубов е кога вашиот партнер ве сака онаква каква што сте. Кој уште сака глумење? Однесувајте се природно.

3. Добар возач

Иако мажите многу често се жалат на женските возачи, тие ги ценат жените кои имаат положен возачки испит. Па, нели сте современа и независна?

4. Опуштеност

Жени кои знаат како да уживаат во животот на сите им се привлечни, не само на мажите. Тоа значи дека треба да престанете да се жалите поради работите кои ги немате и почнете да уживате во оние што го имате. Животот е премногу краток за да го поминете нервирајќи се поради нештата кои не можеме да ги смениме. Размислувајте позитивно, смејте се и бидете среќни поради тоа кој сте. И тоа не само поради мажите, туку пред се поради себе.

Young couple in their kitchen

5. Жена која знае да ужива во храната

Да се храните здраво и да се грижите за себе е една работа, а опсесивното броење на секоја калорија е нешто сосема друго. Таквите опсесии ги одбиваат мажите и со тоа сигурно нема да ги импресионирате. Тие сакаат жени со кои опуштено можат да седнат во ресторан и добро да се забавуваат.

6. Добра готвачка

Се вели дека љубовта оди преку желудникот, а понекогаш и тоа е навистина така. Иако тоа може да звучи како клише, мажите сакаат жени кои знаат да готват или сакаат да научат да готват за нив. Напавете креативен специјалитет и повикајте го на вечера. Се разбира, тоа не е единствениот начин да го заведете, но тоа е еден од оние добри начини.

7. Природност

Иако по вештачките девојки можеби ќе се свртат многу машки глави, ниедна од нив не би ја одбрале за своја сопруга. Едноставна девојка од соседството која има смисла за хумор и знае како да се пошегува и на своја сметка е речиси она што секој маж го посакува.

8. Подготвеност за компромис

Секој човек се чувствува подобро кога покрај себе има девојка која е подготвена да преговара и напорно да работи за да се изнајде решение што ќе биде прифатливо за двете страни. Бидете подготвени за компромис, бидејќи тоа е квалитет кој мажите го ценат многу повеќе отколку само добриот изглед. Впрочем, ова е клучна карактеристика за секој здрав и добар однос.

9. Грижа

На ним им е навистина важно да се грижите за нив, но бидете внимателни бидејќи постојаното повторување на зборовите „те сакам“ не мора да значи дека се грижите. Подобро покажете му дека се грижите за него и дека го сакате со постапките и гестовите, а не со зборчињата.

10. Чувство за хумор

Смислата за хумор е исто така еден од квалитетите кои мажите ги сакаат кај жените, особено кај оние со кои тие имаат намера да ја поминат иднината. Не треба особено да се објаснува зошто тоа е така. Сите сакаме луѓе кои знаат да не насмеат и во чие друштво се чувствуваме пријатно.

 

x

Check Also

К-Поп сензацијата Blackpink го „освои“ TikTok

Што се добива кога ќе се спои TikTok – моментално најбрзо растечката социјална ...