10 сигнали кои укажуваат дека на вашето тело му треба помош, не занемарувајте ги!

Ако со нашиот организам нешто не е во ред, телото ќе ни го каже тоа. Меѓутоа често ги игнорираме тие симптоми кои можат да прераснат во сериозен здравствен проблем. Дознајте кои сигнали ви кажуваат дека на вашето тело му треба помош.

1. Проблеми со спиењето, раздразливост, грчеви во нозете

Ако ве мачат овие проблеми, мора да консумирате храна богата со магнезиум и калиум.

2. Преголема желба за солена храна

Алармира на инфекција или воспаление некаде во телото, особено за воспаление на урогениталниот тракт.

3. Сува кожа

На вашата кожа и е потребно повеќе витамин Е.

4. Претерана желба за благо

Може да биде знак за исцрпеност на нервниот систем и дека на вашето тело му е потребно повеќе гликоза за да ја надополни енергијата. Во моментите кога ќе почувствувате неодолива желба за благо земете малку мед или темно чоколадо.

5. Крварење на непцата

Мора да пиете повеќе чај и да консумирате повеќе овошје бидејќи крварењето на непцата е знак дека ви недостасува витамин Ц.

6. Сува кожа на лактите

Упатува на недостаток на витамините А и Ц.

7. Зголемена желба за морска храна

Укажува на недостаток на јод во организмот.

8. Голема желба за кисела храна
На вашиот организам му е потребна храна која ќе ја поттикне работата на жолчката и на црниот дроб. Додајте повеќе лимон и брусница во вашата исхрана.

9. Кршлива коса и кршливи нокти
Овој сигнал упатува на недостаток на витамин Б и калциум.

10. Претерана желба за сирова храна
Тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб или гастритис. Сировата храна ги ублажува грчевите и го смирува желудникот.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...