10-те полнички убавици кои го сменија лицето на модата

Во последниве десеттина години видовме повеќе „плус сајз“ модели кои ја размрдаа модната сцена и ги поместија критериумите за женска убавина. Повеќе од нив ги освоија и насловните страници на престижните списананија, како Вог Италија, или пак беа заштитни лица на колекции на популарните модни брендови, како Манго (Виолета) и Х&М.

Погледнете ја листата на 10-те полнички убавици кои го сменија лицето на модата.

Робин Лаули во кампањата Виолета од Манго

Робин Лаули е модел од Австралија и ја красеше насловната страница на Вог Италија. Беше прва полничка девојка која се појави во рекламна кампања за Ралф Лорен. Подоцна го лансираше својот блог посветен на храна. Беше и прва девојка со облини која се појави на насловната страница на Вог Австралија. Јавноста ја памети и како лице од страниците на Спортс Илустрејтид каде позираше во костими за капење.

Кејт Дилон

Во 1990-те години кога се појави на модната сцена, Кејт Дилон отсткокнуваше со своите женствени облини во „златниот“ период на топмоделите. Но оваа девојка брзо ги освои симпатиите на јавноста, па се појави на страниците на американскиот Вог, Ел, Гламур и парискиот Вог. Набрзо стана и дел од кампањите на луксузните модни марки како Гучи, Лореал и Жан Пол Готје. Во приватниот живот, моделот ужива во планинарење, возење велосипед и јога.

Тара Лин

Американката Тара Лин стана позната кога се појави на насловната страница на италијанскиот Вог во 2011 година. Потоа беше дел од кампањите на Х&М, Форевер 21 и Лаки Бренд. Тара истотака позираше за Ел Франција и Ел Шпанија.

Тес Холидеј

 

Во 2015 година Тес Холидеј го освои вниманието позирајќи за списанието Пипл. Како промотер на „боди позитив“ Тес беше многу активна во кампањите за женското тело. Беше дел од кампањата на Х&М.

Ешли Грем во кампања за Марина Риналди пролет/лето 2012

Уште една Американка со раскошни облини која придонесе за нови критериуми во женската убавина. Ешли Грем стана позната на 19 години, кога рекламираше долна облека. Во 2016 беше прв „плус сајз“ модел што се појавил на насловната на Спортс Илустрејтид.  Подоцна се појави и на насловните на американскиот Вог, Космополитен, британскиот Вог и Ел Канада.

Кендис Хафин

Кендис Хафин ја красеше насловната страница на Вог Италија, позирајќи пред објективот на Стивен Мејсел. Потоа, следуваа насловните на С Мода, Вог Германија и американскиот Ел. Беше дел од рекламните кампањи на Манго, Левис и Х&М.

Витни Томпсон

Американската убавица Витни Томпсон стана славна преку телевизискиот натпревар за убавина America’s Next Top Model. Таа имаше посебно место во емисијата со тоа што стана прва и единствена „плус сајз“ девојка која победи. Следуваа насловните страници на американските популарни списанија, а беше заштитно лице на CoverGirl. Инаку, Витни е амбасадор на Американската асоцијација за проблеми со исхраната.

Барби Фереира

Полничката убавица Барби Фереира е предводник на младата генерација на „плус сајз“ модели. Позираше за кампањите на Adidas, Forever 21 и Missguided. Позната е и како промотор на природна убавина односно на фотографии без фотошоп интервенции.

Маргита Принг

Американскиот модел Маргита Принг беше дел од проектот на Вог Италија – Едиција за полнички. Потоа ги красеше страниците на модните списанија, како V Magazine и Гламур. Беше дел од модните кампањи на Мејси, Талботс и Левис.

Џени Ранк

Американката Џени Ранк е уште една „плус сајз“ убавица која беше заштитно лице на Х&М. Вниманието на јавноста го привлече со гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“ каде ја промовираше женската убавина без разлика на килограмите. Потоа, стана дел од кампањата на Марина Риналди. Позираше за страниците на популарните списанија како Мари Клер, Гламур и Севентин.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...