10 занимливости за долната облека кои (можеби) не ги знаете

Порано се сметала за луксузна ткаенина и малкумина можеле да си ја дозволат. Оние кои пак можеле да си дозволат да носат долна облека намерно дозволувале да се надѕира под облеката така покажувајќи го својот статус.

 

1

Историјата на долната облека ги влече првите корени од римското време со појавата на „туника интериор“, односно туника што се носела под облеката. Во почетокот долната облека се криела, но од крајот на 15 и почетокот на 16 век почнува и да се наѕира. Тоа наѕирање било околу вратот, благодарение на врвците на италијанската ткаенина наречена „латуге“, која обично се кроела така што да биде испапчена на местата за врзување, меѓу рамениците и ракавите. Била привилегија само на богатите.

2

Се верувало дека колку што долната облека е побела, толку тој што ја носи е почист. Затоа при изработката на цена биле белите материјали што може да се перат и повторно да се облечат. Но и понатаму таа останува само привилегија на богатите, зашто за да си дозволи една „долна“ кошула, особено во бела боја, еден работник би требал да работи за неа околу 15 дена, доколку целата таа сума ја тргне настрана.

do123

3

Бела ленена долна облека, на пример во 1610 година, во Франција, чинела најмалку 8 франци, незамислива цена за просечниот жител. Оние што немале пари да си го дозволат тој луксуз, морале да се задоволат со долна облека во жолта боја од коноп, која повторно била скапа, односно чинела два до три франка.

4

Според податоците од посмртните оставнини, во почетокот на 18 век, во еден град каков што е Париз, немале сите долна облека, односно процентот е речиси половина на половина.

5

Перењето на долната облека, како да станува збор за парче богатство, било привилегија само на газдарицата на домот. Многу години подоцна се појавуваат пералниците само за долна облека, строго поделени на машки и на женски, кои имале крајно одговорна задача и кои на секое посебно парче му посветувале и време и енергија.

do91

6

Нечистотијата од долната облека се отстранувала рачно, со амонијак или сок од лимон, со специјален камен и посебно средство за дезинфекција. Во отстранувањето на дамките, се употребувал и пепел од камин, па и урина, која поради амонијакот има способност да ја одмасти ткаенината.

7

Средновековните документи покажуваат дека гаќите долг период биле привилегија само на мажите. Првите женски гаќи се појавуваат во 14 век, во Италија. Во Франција, женските гаќи на голема врата ги носи кој друг ако не Катерина де Медичи. Таа ги носела од практична причина, за да може да јава. Но масовноста кај жените тие ја добиле со цел да ги заштитат интимните делови што би можело да се видат под сукњата ако жената се наведне или падне. Осудите биле големи. Мажите се бунеле дека жените со тоа ја пречекоруваат црвената линија и им се мешаат во машките работи. За селанките, кои биле далеку поконвенционални, сè уште било незамисливо да носат долна облека, и така таа продолжува со децении да биде привилегија само на богатите од големите градови.

8

Во почетокот на 18 век гаќи носеле само 3 отсто од благородничките во Париз, а процентот се зголемува до крајот на векот, но не значително. Имале имиџ на гардероба за актерки, ловци или проститутки. Но во Италија ситуацијата е сосема поинаква.

do01

9

Целиот 18 век е под знакот на долната облека, која станува помасовна, прифатена, одобрена, а од средината на истиот век речиси и нема жена или маж што не носи гаќи.

10

Под влијание на италијанската мода, жителите на територијата на поранешна Југославија, се веднаш по Италијанците во употребата на долната облека, а гаќите ги носеле сите жени од средната и високата класа.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...