10 занимливости за топ моделот Наталија Водјанова: Современата приказна за Пепелашка

Животната приказна на Наталија Водјанова не е единствена во историјата, но изгледа дека никој пред неа не ја преживеал толку набрзина:  премногу сиромашната Русинка била случајно отркиена, преку ноќ стана модел и за само една година го сретна богатиот принц. Нејзината животна трансформација од Пепелашка до принцеза завршила за нецели четири години.

1.

Родена е во Русија, во Новгород, и се до шестата година со мајка и, Лариса, живеела во трошната куќичка на баба и. Кога младата Лариса, на 17 години, добива втора ќерка, Оксана, мора да се пресели со двете девојчиња во еден изнајмен стан кој едвај го плаќа продавајќи овошје од утро до вечер. За јадење малку останувало, а Оксана е родена со церебрална парализа. Во отсуство на мајка и, Наталија се грижи за болната сестра, а татко си и не си го познава. Од гладот Наталија од  мала има тенка и кршлива става. „Кога одев кај баба ми морав да и кажам по неколку пати благодарам за храната, а кај мајка ми бев слободна како птица, живеејќи колку да се преживее“, вака се сеќава Водјанова на своето детство.

2.

Денот и започнувал во зори, со една банана, потоа купувала стари алишта од чеченските деца за потоа да ги препродава. Со себе секаде ја носела својата сестра, а попладне веќе морала да биде во училиште. По училиште, следувало готвење и грижење за домот.

3.

На 14 години, Наталија се сели со најдобрата пријателка во посебен стан, а момчето со кое се забавува е манекен. Тој ја убедува да се пријават заедно на еден кастинг, во Новгород, а таа бидејќи немала што да облече позајмила фустан од мајка си кој бил чуван за некоја специјална пригода. Агентот од агенцијата се вљубува во неа на прв поглед и веќе следната недела ја испраќа на снимање во Париз. Тоа е првото патување на Наталија надвор од Русија.

4.

Врската со руското момче не преживува. Наталија брзо се прилагодува на Париз, а тој останува  во Русија. Сепак, таа нема да заборави дека поради него стигнала до Париз, па првиот голем хонорар го троши купувајќи за него Мерцедес.

5.

Само по 1-годишен престој во Франција, после една мала ревија оди на вечера во еден ресторан каде го запознава Џастин Портман, внукот на принцот Едвард Хенри Портман, еден од најбогатите луѓе во Англија. На судбинската вечера, Џастин ја менува столицата за да седне поблиску до Наталија, а веќе  до крајот на вечерата бил во неа вљубен до уши. За да ја бекне ќе поминат два месеци во слушање и средби, а по првиот бакнеж веднаш заминуваат во Англија за тој да ја запознае со неговите родители. Една недела подоцна, заедно одат во Русија за таа да го запознае со мајка си, која не знае ни збор англиски.

6.

Водјанова и Портман

Водјанова и Портман

Гламурната свадба со сите аристократски ритуали се случува истата година. Следува раѓањето на Лукас, а манекенската кариера на Водјанова продолжува само една недела по породувањето. Втората недела по раѓањето на Лукас, Наталија е веќе на голема модна ревија, а истиот месец го продолжува договорот со компанијата Ив Сен Лоран и станува заштитно лице на новиот парфе на Гучи.

7.

Во 2002 година, Џастин и Наталија се венчаа по вторпат, овој пат по ортодоксната традиција во Русија. Парот добива три деца (Лукас, Нева и Виктор). Виктор е роден во 2007  година, а името го добива по дедото на Наталија кој не го заборавила дека и помагал кога била сиромашно девојченце. Нева пак го добива името по истоимената руска река.

8.

Живеејќи во раскошен замок со својот сопруг во Англија и одлично заработувајќи како модел, Наталија им купува посебни станови на мајка и (каде што живее и нејзината болна сестра  на која и го плаќала школувањето), и на баба и, за која не заборавила дека како дете и давала храна. „Ја познавав сиромаштијата од дното на душата, но неверојатно е како човек толку брзо може да го заборави тој сиромашен живот. Сега кога имам буквално се, знам дека парите не се најважната работа во светот“, вели Наталија која покрај убавината станува позната и како филантроп.

9.

Во јуни 2011, Водјанова и Портман се разведоа. Истата година таа веќе во врска со Антоан Арнолд, синот на Бернард Арнолд, сопственик на LVMH и  генерален директор на лускузната марка Берлути. Се селат заедно во Париз каде што живеат со трите деца на Наталија од првиот брак.

10.

Во 2013 година, таа објави во медиумите дека е бремена и дека го очекува нејзиното четврто дете односно прво од Антоан. Со Антоан, со кога има две деца, живее и денес.

Наталија и Антоан Арнолд

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет ги претставуваат костимите за капење за пролет/лето 2019 (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет триумфираше со нова рекламна кампања ...