1000 Зошто!? 1000 Smoothie!

21-виот век дефинитивно диктира брз живот без многу слободно време во кое би можеле да се посветиме на себе. Здравјето е пред се, па заради тоа не треба да наоѓаме изговори туку решенија. Факт е дека да се козумираат препорачаните дози на зеленчук и овошје во текот на денот е вистински предизвик, сепак мора да се одвои време и да се најде начин бидејќи витамините кои ги содржи оваа храна се неопходни за организмот да функционира како што треба.

Frutomania test

Смутито како форма на оброк – пијалок е сосема соодветен и на многумина им го олеснува животот во однос на придржување до здрав режим на исхрана.

Бенефитите од конзумирањето на смути напитоци се многубројни. Листата првенствено сакавме да ја ограничиме на 10-те најважни придобивки за здравјето, но како почнавме да пишуваме така свативме дека листата е всушност многу подолга. 1000 Зошто!? 1000 Smoothie!

  1. Брзо и лесно!

Се приготвува брзо и лесно. За подготовка на едно смути потребни се најмалку две овошки. Тоа може да бидат внимателно одбрани овошки или може да искористите што останало дома. Во тоа е и убавината на правењето смути, прво, што може да изберете кои овошки ќе ги користите според хранливоста и витамините што ви се потребни. Друго, дома никогаш нема да имате остатоци од овошја кои доколку не се искористат пред да се расипат, не останува ништо друго туку да ги фрлите.

Доколку навистина немате време да си подготвите смути, тогаш тука се сокчињата Фрутоманија кои се направени од внимателно одбрани овошки, без додаток на шеќер, вода, конзерванси и адитиви. Дефинитивно 100% природно. Достапни се во 10 вкусови: јаболка, дива јаболка, вишна, малина, јагода, шумско овошје, морков, кајсија, праска и слива… сите на база на свежо цеден сок од јаболка! Шарени бои и мириси кои будат чуства, вкус на кој ретко кој може да одолее!

  1. Сите сакааат смути!

Од бебињата, децата па се до постарите, сите сакаат смути! Секој сака во денот да конзумира освежителена витаминска бомба. Смутито Фрутоманија е полн погодок. Свежо цедено овошје во шише. Отвори, стави и напиј се! Во секое време, секаде! А кога подобро ќе се подразмисли, соковникот е навистина мачна работа кога треба да се исчисти.

  1. Безбројни комбинации

Микс на многу вкусови, безбројни комбинации, нов вкус за секој ден од неделата.

  1. Регулирање на тежината

Конзумирањето на смути помага за регулација на телесната тежина. Му помага на организмот да го забрза метаболизамот и притоа регулирањето на телесната тежина е полесно. Внесувањето на природниот шеќер, за разлика од рафинираните шеќери, е покорисно за самиот организам и не придонесува за негативни ефекти.

  1. Детокс

Со секојдневно конзумирање на овошја и зеленчук организмот се снабдува со доволно витамини и минерали, со што се подобрува процесот на детоксикација, односно телото полесно поминува низ процесот на чистење од токсини.

  1. Подобрена дигестија

Внесувањето на растителни влакна во менито влијае позитивно на дигестивниот систем. Како што наведовме и претходно, се забрзува метаболизмот, а со беспрекорно функционирање на овие процеси вашето здравје ќе биде на многу повисоко ниво од претходно.

  1. Го подобрува имуниот систем

Му помага на организмот да се бори против слободните радикали и притоа станува поотпорен во сезоните кога има вируси.

  1. Убавина

Заради големиот број на витамини и сите бенефити кои претходно ги набројавме, телото е редовно снабдено со сите нив, а тогаш кожата, косата и ноктите изгледаат поздраво и поубаво!

Frutomania test777

  1. Енергија

Со секојдневно конзумирање на овошје и зеленчук, организмот има доволно енергија за предизвиците во текот на целиот ден. Секој кој има енергија и позитивно ја расплинува околу себе е најпријатен за околината.

  1. Ја подобрува работата на мозокот

Со козумирање на смути на дневна база, мозокот се снабдува со витамини и хранливи материи со што се подобрува менталното здравје, бистрината, фокусот и меморијата.

  1. Среќа

Имањето ритуал во денот, здрава навика на конзумирање смути предизвикува чуство дека правиме нешто добро за себе, што не е воопшто далеку од вистината. Пиењето смути е половина здравје, половина среќа!

  1. Забавно е!

И на крај, комбинирањето на бои и вкусови, сервирањето на смути во интересна чаша со интересни додатоци, шарени цефки, овошја или семки го прави целиот процес многу забавен!Фотографирајте го своето ремек дело, постирајте го денешното смути на некоја од социјалните мрежи и бидете нечија инспирација.

 

Напомена: Дури и здравите навики кога се претерани се штетни! Ние ви препорачуваме на ден да конзумирате најмногу 3 смутија – на растојание од минимум 3 часа!

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...