Неделен хороскоп: Топ знаци на неделата Девица и Бик

Оваа недела планетата на љубовта го напушта знакот Лав за да влезе во Девица. Почнува преубав сентиментален период за сите земјени знаци, но не и за Рибите, Стрелците и Близнаците. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 9-ти јули до 15-ти јули.

Овен – Поддршка од Меркур

Убавата поставеност на Меркур оваа недела ќе ги награди родените во знакот Овен со изнаоѓања на среќни решенија од секоја ситуација, а ќе ги фаворизира комуникациите и личните релации. Најсреќни денови ќе бидат вторник и среда, па без двоумење искористете ги до максимум. Поголемо внимание обрнете во четврток и петок затоа што постои ризик нешто да не се одвива онака какошто сте наумиле.

Бик- Венера се враќа да ви се насмевне

Подготвени сте за нови почетоци? Конечно оваа недела планетата на љубовта Венера се враќа за да ви се насмевне. По периодот на недоразбирања за оние кои се во врска или во брачните заедници, следува мирен период на решавање на проблемите. Понеделник е суперпозитивен ден на секое поле, со Месечината во знакот, но нема да недостигаат задоволства и во деновите после понеделник. Ќе почувствувате мал замор на крајот на неделата.

Близнаци – Мали љубовни проблеми

Оваа недела, за жал, планетата Венера ќе ви го заврти грбот. Следуваат денови на тензија и дискусии со партнерот, во ко ќе ви биде потребно многу трпение за да успеете да дојдете до мирно решение. Сепак, неделата ви носи и суперсреќни денови а тоа се вторник и среда кога Месечината е во конјукција и ќе ви помогне да добиете и покажете убави емоции. На работното место се предвидуваат добри вести и убави изненадувања.

Рак – Да живее љубовта!

Конечно Венера се враќа на ваша страна! Затоа за вашиот знак почнува еден преубав период кога станува збор за емоциите. Ќе бидат фаворизирани средби за осамените Ракови, особено во деновите кога и Месечината е во добра поставеност – четврток и петок. Оние пак кои се во пар, за жал, ќе минуваат малку комплицирани денови со партнерот, но сепак се ќе заврши со огромна страст.

Лав- Суперсреќен викенд

За жал, оваа недела Лавовите ќе ги напушти планетата на љубовта, Венера. Сепак, немојте да се грижите премногу – во последниот период Венера ви даде толку сигурна основа во врските што ништо сега не може да ги урне. Одличната поставеност на Меркур пак, ќе продолжи да ги фаворизира добрите работни односи и комуникациите, искористете ги среќните денови за работа – вторник и среда кога може да очекувате убави вести. Суперсреќен за Лавовите е особено викендот.

Девица – Добредојде Венера

Огромни среќни вести се пред вас – оваа недела Венера влегува во вашиот знак. Затоа периодот пред вас ќе биде исполнет со многу емоции и убави новости на љубовен план. Осамените Девици би требале да запознаат посебна личност, додека оние кои се веќе во пар ќе почнат да „кројат“ големи заеднички планови. Најсреќни денови во неделата – понеделник, четврток и петок.

Вага – Експлозија на убави чувства

За Вагите продолжува периодот на смиреност, заштитен од планетата Меркур. Вторн и среда ќе бидат особено среќни денови поради одличната поставенот на Месечината, па очекувајте убави изненадувања. Искористете го овој позитивен период за напредување и на работното место, ќе бидете наградени. Мал проблем може да се појави само во четврток или петок. Крајот на неделата ќе заврши со експлозија од убави чувства.

Шкорпија – Внимание на работа

Конечно оваа недела Венера се враќа на ваша страна, откако веќе подолг период ви имаше завртено грб и ви создаде проблеми на сентименталното поле. Сега доаѓа периодот на разјаснување на работите, без тензија и без кавги. Понеделник ќе биде потежок ден во неделата бидејќи Месечината е во опозиција, но и Меркур е неповолно поставен. Внимавајте на работното место на почетокот на неделата.

Стрелец – Љубовна вина

Венера во следниот период ќе биде неповолно поставена, па ќе создаде проблеми на љубовно поле. Ако сте во врска, ќе мора да бидете многу внимателни во односите со партнерот, зашто ѕвездите предвидуваат кавги и вознемиреност. Не кревајте паника и не претерувајте, обидете се да останете смирени. На работното место пак, многу повелен период за вас, благодарение на позитивниот Меркур. Очекувајте пријатни вести поврзани со материјалните средства и работата.

Јарец – Венера е на ваша страна

Конечно Венера се враќа за да ве поддржи во секоја љубовна релација и одлука. Кавгите и недоразбирањата кои во последниот период ги имавте со партнерот, сега се минато. Сега, планетата на љубовта ќе ви подари период полн со разбирање и смиреност, но и полн со убави емоции. Сепак, внимавајте на деновите четврто и петок кога лошата поставеност на Месечината може да ве направи нервозни.

Водолија – Убаво изненадување

Подготвени сте за едно големо пријатно изненадување? Конечно оваа недела Венера ќе заземе убава поставенот и ќе ве поддржува на емоционално поле. ќе ви го врати спокојството и разбирањето со партнерот, додека осамените Водолии ќе имаат можност да запознаат интересни нови лица. Најсреќни денови во неделата ќе бидат вторник и среда, додека понервозни денови се сабота и недела.

Риби – Неповолна недела

За жал немаме убави вести за вас Риби. Оваа недела планетата Венера ќе влезе во опозиција. Тензиите со партнерот ќе растат, па внимавајте да не достигнат точка на експлозија. Особено внимание посветете на деновите вторник и среда кои се особено полни со нервоза, поради лошата поставеност и на Месечината.

x

Check Also

Нова колекција на венчаници од Carolina Herrera

Каролина Херера ја лансираше новата колекција на венчаници дизајнирани за сезоната есен/зима ...