улична мода од модната недела во Њујорк, пролет 2018

Планинарските чевли се во фокусот за есен/зима 2018, ќе ги носиме и со макси фустани!

Пролетта го промовираше трендот на Дивиот Запад, враќајќи им ја модата на каубој чизмите кои остануваат во игра и следните сезони – есен и зима. Но, судејќи според рекламните есенски кампањи и колекциите на популарните модни марки, уште еден тренд ќе биде доминантен во сезоната на постудени денови.

Улична мода на модната недела во Њујорк пролет 2018

Станува збор за виоките, груби и најчесто водоотпорни чевли, кои личат на планинарски, па дури и навистина може со нив лесно да се замине на планина. За среќа, не треба да ги знаете планинарските вештини ниту пак да имате планинарски дух за да станете дел од овој тренд. Добар дел од модните марки во своите модни водичи сугерираат ваквите планинарски чевли да ги искомбинираме со некое „милитари“ парче облека, тексас или пак, кожа. И што е најитересно, планинарските чевли сега ќе ги носиме и со макси фустани!

Џонатан Симкај и Хаус оф Холанд

Планинарските чевли во најразлични модни комбинации веќе ги видовме и на модните писти кога беа најавувани есенските колекции – од колекциите на Мајкл Корс и Џонатан Симкај до Хаус оф Холанд и Оф Вајт – сите покажаа различни модификации на трендот. За потсетување, планинарските чевли од есенската колекцијана Џонатан Симкај веќе облече Џенифер Лопез.

Убави класични верзии на вакви чевли лесно ќе најдете во новите колекции на Тимберленд.

Тимберленд

Следбеничките на модните трендови, овој тренд го најавија со време – за време на годинешните ревии кои се случуваа во пролетната сезона во светските модни метрополи Њујорк, Лондон, Милано и Парис.

x

Check Also

10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Имате голем избор кога станува збор за вдомување куче. Може да изберете ...