Неделен хороскоп (8ми до 14ти октомври): Топ знаци на неделата Јарец и Близнаци

Неделата од 8 до 14 октомври ќе биде исклучително позитивна за Јарците и Близнаците, а херои на неделата ќе бидат Лавовите. Помалку среќа на работен план ќе имаат Рипчињата, Биковите и Вагите кои пак, ќе ја загубат самодовербата. Љубовта и страстите ќе им цветаат на Јарците и Водолиите. А вие? Во кој астролошки знак сте родени? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за оваа недела.

Овен – Нови средби…

Многу позитивни нешта се пред вас, оваа  недела. Вашата снаодливост и вашата храброст конечно ќе бидат наградени на работното место. Оваа недела ќе дојде добра вест за еден проект за кој се грижевте подолго време. Во љубовта пак, сакате да почувствувате нешто ново: ако сте со ист партнер подолго време, цврстината на врската ќе биде доведена во прашање, бидејќи ќе се отворат можности за нови интересни средби.

Бик- Марс е на ваша страна!

Благодарение на добрата поставеност на Марс, конечно ќе ви се врати полната енергија и одличното здравје кои ви недостигаа во изминатиот период.  Прекрасните сончеви есенски денови ќе ве зајакнат и, од метеоропати какви што сте, ќе се чувствувате поактивни, динамични, во потрага по убавина… Враќањето на еден драг пријател, кон крајот на неделата, ќе ви го поткрене одличното расположение. Прекрасен викенд е пред вас! На работно место, стрпете се, од ноември, важни вести доаѓаат и на ова поле.

Близнаци- Недела за паметење

Многу интензивни моменти се пред вас, драги Близнаци, какошто се и за сите воздушни знаци. Но, за вас, тие ќе бидат навистина нешто посебно. Венера ве поддржува и ќе ви подари огромна страст, а ќе профитираат сите – и оние кои се во долги врски, оние кои тукушто започнале врска и оние кои сакаат да започнат врска. Осамените ќе си ја најдат душата близнак. Благодарение и на поволниот Меркур, и работната атмосфера ќе ви биде исполнета со пријатни изненадувања и задоволства од економска гледна точка.

Рак – Денови на одлуки

Пред вас, Ракчиња, се денови на одлуки, особено за оние кои сакаат да основаат семејство, но и за родителите преокупирани со растењето на своите деца. Но, во домашниот буџет постојано ќе ви недостигаат пари па тоа ќе ве прави нервозни, најмногу поради тоа што ќе сметате дека вашиот труд на работното место не е доволно ценет и дека плодовите не можете да ги соберете. Стиснете ги забите уште малку – за уште некоја недела еден случаен настан ќе даде поттик на економската ситуација.

Лав – Не држете се до очекувањата!

Полни сте со изненадувања, драги Лавови, секогаш можете да се извлечете од тешките ситуации и да излезете од ризичните денови неповредени. Така ќе биде и оваа недела, особено на работното место. А, таа ваша сила, која ќе ја покажете, ќе направи околината на вас да гледа како на идол. Затоа, не обрнувајте внимание на очекувањата. Прифатете ги настаните, дури и ако тие не се согласуваат со вашата волја. На љубовен план, за викендот ќе добиете прекрасни вести.

Девица – Несопирлива енергија

Повторната виталност ве прави особено активни и брилијантни, на работа и во вашето семејство. Вашите претпоставени ќе ја забележат таа ваша несопирлива енергија, и затоа, во текот на неделата, ќе добиете одлични признанија и почит. Во љубовта, внимавајте на љубомората: до сега ја немавте, но ова чудно чувство ќе експлодира во наредните денови, кога ќе откриете некои работи што ќе ве остават без збор.

Вага – Недостаток на самодоверба

Оваа недела, драги Вагички, ќе бидете прилично мрзеливи, за разлика од активностите кои ги преземавте во последно време, нема да имате многу енергија за нови ртаботни подвизи. Тоа ќе ве направи нетолерантни за критики, па дури и за конструктивна критика. Губејќи ја малку самодовербата, ќе верувате дека не сте во можност да ја завршите работата или задачата, и затоа нема да сакате ни да се обидете. Но, не грижете се, ова чувство наскоро ќе ве напушти. На љубовен план, ништо ново, барем не за оваа недела, почекајте ја следната.

Шкорпија – Направете компромис!

Не сакате полу-тонови, зашто кај вас или нешто е извонредно или одвратно, или е бело или е црно. Таквото инсистирање на една контрастна страна, без компромис, ќе ви донесе дискусија со некој близок, но и малку разочарување. Ќе сфатите дека сте премногу горди, и дека идеализирано се гледате во сопственото огледало, па ќе бидете во ситуација дури и да се извините. На крајот на неделата, на работно поле, стигнуваат супер вест! На љубовен план, одличен викенд!

Стрелец -Затишје пред бура

Ги поминавте сите тешки денови на работното место, па пред вас, драги Стрелци, е една работна недела во која започнува собирање на нова енергија. И на љубовно поле, конечно ќе го најдете спокојството, а за време на викенд ќе поминете нежни мигови со лицето кое ви е драго. Се на се, ова ќе биде мирна недела на сите фронтови бидејќи ѕвездите ви спремаат вистинска радосна бура која ќе ви го промени животот, наскоро…

Јарец – Пеперутки во стомакот

Пеперутки во стомакот, да – ќе ги чувствувате во текот на целата недела, драги Јарци! Венера е толку заштитничка кон вас, што деновите пред вас ќе мислите само на љубов и ќе добивате многу, многу љубов. Ќе запознаете една личност која тотално ќе ви го замати умот и ќе ви го украде срцето. Вашето ѕвездено небо е многу позитивно и на работен план, ќе ви се врати довербата во колегите, ќе бидете фаворит на претпоставените, а можности има и за подобрување на економскиот буџет. Бездруго сте топ знак на неделата!

Водолија – Магнет за спортивниот пол

Во периодот пред вас ќе бидете многу фасцинантни и ќе го привлечете интересот на многу значајни луѓе на работен план. На љубовен план пак, Венера е на ваша страна и несебично ве поддржува, затоа ќе ве награди со еден вид на аура што се движи со вас и ги привлекува луѓето. Ова може да наштети само на оние кои се во долга врска, зашто станувајќи магнет за спротивниот пол, ќе отворате можности за нови авантури. А и комплиментите нема да ве оставаат рамнодушни!

Риби – Фрустрации на работа 

Драги Рипчиња, пред вас е прилично неповолен период на работното место. Чувствувајќи ја љубомората на еден колеги, понекогаш ќе посакате да бидете на друго место, или сеуште да сте на одмор. Ако размислите за промена на воздухот за време на викендот, воопшто нема да згрешите! Можеби е време да се размисли за приватен бизнис, за нешто храбро за кое размислувавте уште од младоста. На љубовен план пак, Венера ќе ви донесе бројни радости и благодарение на нив, брзо ќе заборавате на работните тешкотии.

 

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...