Џенифер Лопез во суперсекси издание за Инстајл магазин

Поминаа цели 18 години откако Џенифер Лопез на црвениот тепих на Греми наградите се појави во неверојатно секси издание – облечена во проѕирен Вераче фустан, во зелена нијанса, со длабоко деколте. Во слично, секси издание, пејачката сега може да ја видиме на насловната страница на декемвриското издание на Инстајл магазинот.

Греми, 2000 година

 

И што е многу важно, Лопез изгледа подеднакво убаво како и пред 18 години, како времето воошто да не оставило ни најмала трага на нејзиниот изглед.

За Инстајл, Лопез позира во зелен Валентино фустан со длабоки шлицеви кои малку оставаат на фантазијата.

Во разговорот, таа открива дека нејзината топ форма се должи на тоа што се грижи за себе, не конзумира кофеин, алкохол и спие доволно.

 

x

Check Also

Кејт Мос и Каја Гербер во новата кампања на Стела Мекартни

Стела Мекартни обедини два топ модела од различни генерации во новата кампања ...