Наоми Кемпбел на Јутјуб ги споделува своите искуства за девојките кои сакаат да бидат модели

Наоми Кемпбел стана влогер со цел да ги сподели тајните со сите оние кои сакаат да станат модели.

Топ моделот, активистка, пејачка и глумица ги споделува детаљите од својот приватен и професионален живот преку нејизниот нов Јутјуб канал #BeingNaomi.

Во едно од нејзините нови видеа таа вели  “Сакам да споделам повеќе од мене со вас. Треба да ме видите како вистинска личност“.

Една од најпрепознатливите лица во модната индустрија, Кемпбел, има многу лекции кои сака да ги сподели. „Што е поентата ако ги чувам сите овие работи само за себе? Сакам да споделам искуства со жените околу светот, а особено со младите жени. Сакам да видам како новите генерации ги употребуваат овие работи кои им ги кажувам“, вели таа.

Не е најавено кога ќе се објави следното видео, но може да ја следите Наоми на каналот – ТУКА. 

x

Check Also

Меган Маркл организира „baby shower“ денес во Њујорк

Војвотката од Сасекс, според списанието Харперс Базар, денес (19ти февруари) закажала baby shower ...