Dailies Total 1, леќи за една употреба кои се удобни и хигиенски. Секој ден, нов чист пар!

Заборавате да ги исчистите леќите, се капете со нив, ги ставате на очите со неизмиени раце, или пак, можеби подготвувате испит, а очите ги чувствувате суви, или можеби постојано сте во движење поради вашите дечиња и немате време да ги исчистите леќите? Ако и вас ве мачат сите овие прашања, одговорот е во Dailies Total 1, леќите за една употреба кои се удобни и хигиенски. Секој ден, нов чист пар!

Ако сакате извонреден комфор кој трае до крајот на денот, здрави очи кои здраво и свежо гледаат бидејќи до нив стигнува доволна количина на кислород, тогаш Dailies Total 1 се вистинските дневни леќи за вид за Вас. Dailies Total 1 леќите за една употреба имаат површински макро-молекули на вода кои „пукаат“ со секое трепнување и навлажнуваат. Удобни се за над 16-часовна целодневна употреба, од утро до вечер.

Направени се од мек и флексибилен силикон-хидрогел кој им дозволува на вашите очи да дишат. Силикон-хидрогел контактните леќи се прават од пластика која е тврда кога е сува, но веднаш апсорбира вода и станува мека како гел кога се хидрира. Ваквите контактни леќи спаѓаат во напредната генерација на меки леќи кои овозможуваат повеќе кислород да помине низ леќите до окото отколку обичните меки контактни леќи. А, тоа не значи малку повеќе кислород, туку пет пати повеќе кислород!

Dailies Total 1 се специјални, први и речиси единствени леќи за вид кои во себе содржат воден градиент. Тоа значи дека овие контактни леќи имаат силиконско јадро со 33 отсто содржина на вода во средината, а на надворешните и внатрешните страни содржат хидрофил-гел со уште поголема содржина на вода. Односно, површинскиот слој има 80 отсто содржина на вода, па дури и повеќе, што значи дека со својата површина може да ја имитира рожницата, да го навлажнува окото и максимално да го намали триењето помеѓу окото и леќата, со што го штити окото од повреди.

Овој тип на леќи имаат во својот состав и одреден фосфолипид кој може да се најде во вистинските солзи. Dailies Total 1, исто така, имаат блага сина нијанса, што ги прави повеќе видливи и полесни за употреба.

Контактните леќи Dailies Total 1 на Alcon може да ги најдете во сите поснабдени оптики. Повеќе информации може да добиете на Фејсбук страницата на БетаМедико

https://www.facebook.com/BetaMedicoTrading/ или на телефоните (02)3239218 и (02)3217718

И уште една убава вест: секој купувач добива подарок со секое купено пакување од 30 леќи, 5 леќи гратис!

x

Check Also

Еве зошто се здрави семките од тиква

Иако често ги поврзуваме со грицки за забава во кино, семките од ...