Карирани панталони од Зара вредни за внимание

Во претпразничниот период во потрага сме главно по свечени, блескави „парти“ модни парчиња. И тоа е супер..Но, што по празниците? Модното отрезнување следува веќе во втората половина на месецот јануари, со по малку депресивниот период на новите почетоци. Кога зимата веќе ни здосадува, а не и се гледа крајот, а пролетта е сеуште далеку…

Но, нема причина за паника, во „хај стрит“ дуќаните веќе се достапни освежувачки модни парчиња кои ќе ни го разубават воведот во претстојната година и кои ќе ги носиме се до пролет 2019.

Едно такво модно парче се карираните панталони од Зара. Го нагласуваат струкот, а должината им е до глуждовите. „Супер стојат“ со ролка и со чевли или чизмички кои сакаме да ги нагласиме.

 

x

Check Also

Victoria’s Secret со колоритни костими за капење за лето 2020

Супермоделот Тејлор Хил е ѕвезда на новата рекламна кампања за костими за ...