Топ 5 намирници во борба против грипот

Во студените денови кога царува грипот најважно е да го подигнеме имунитетот, а тоа лесно може да се направи со конзумирање на одредена храна и пијалоци.

РИБА

Сите видови на мрсна риба содржат масни киселини кои го подигнуваат имунитетот и помагаат во борбата против вирусите.

ЛУК

Свежиот бел лук создава антиоксиданси кои помагаат во борбата против настинките, но лукот е и намирница број 1 во зајакнување на имунитетот.

ЧАЈ

Ништo во студените денови не е толку благодетно како топол чај. Чајот ги смирува болките во грлото, а содржи и состојки кои помагаат во борбата против грипот.

ПЕЧУРКИ

Печурките се богати со антиоксиданси, витамини, влакна и калијум, кои се ефикасни во борбата против настинките.

СЛАДОК КОМПИР

Слаткиот компир е многу ефикасен за сочувување на здравјето во текот на студената сезона. Неговите состојки се претвораат во витамин А кој е клучен за силен имунитет

x

Check Also

Скротете го сонцето и уживајте безгрижно во сопствената кожа

Пристигна летниот одмор! По долгите денови поминати на работа, училиште, конечно денови ...