10 златни правила за користење на маскара

Конусна, топчестa, ротирачкa или двојно свиткана – не, не се работи за вселенски бродови, туку за новата маскара чија генијална четка нуди фасцинантни можности.

Меѓу револуционерната четка секако е онаа со топчиња наредени по должината на влакненцата. Тие го олеснуваат рамномерното нанесување на маскара на долните и на горните трепки без многу движење, спречувајќи го формирањето на грутки, кои го расипуваат впечатокот.

Ако секојдневно нанесувате маскара , бидете сигурни дека тоа го правите на вистински начин и по правила. А правилата се следни :

1. Сина, зелена, и слични весели бои на трепки, да, но само во специјални прилики. За секојдневниот изглед, останете верни на црните и кафеави нијанси.

2. Да, и долните трепки треба да се намачкаат. По нанесувањето на вишокот со тенки влакна најлесно е да се отстрани со чиста четка.

3. Рокот на траење на маскарата зависи од производителот, но секако пожелно е да ја смените после три месеци по отворањето.

4. Маскарата се нанесува во слоеви. После два или три потези преминете на другото око. Само не претерувајте. Премногу слоеви доведуваат до мачкање на бојата и до грутки.

5. Користете средство кое ги негува трепките.

6. Никогаш не ја пробувајте маскарата во продавница. Вирусите и бактериите, секако може да предизвикаат оштетување на очите.

7. Не судете за маскарата по цената. И поевтините брендови може да дадат задоволителни резултати, а губењето на пари, секако, нема да придонесе за убавината на трепките.

8. Водоотпорната маскара е совршен изум, но не за секој ден. Честата употреба на средства за отстранување на шминка може да го иритира и така чувствителниот предел околу очите.

9. Трепките се виткаат исклучиво пред, а не по аплицирањето на маскара.

10. Размачканата маскара не ја отстранувајте со вашите прсти, туку со користење на памучни стапчиња.

x

Check Also

Топ 5 најпопуларни женски парфеми во 2018 година

Листата на најпопуларни, а со тоа и најрподавани парфеми за 2018 година ...