Еве каде да си купите трендовско точкасто фустанче

Уште пред неколку сезони дизајнерите го најавија големото враќање на точкастите фустани, а првите пролетни колекции донесоа женствени силуети украсени со децентни или разиграни точки истакнувајќи ги точкастите дезени како едни од најпосакуваните трендови.

mango

Во пролетните колекции на „хај стрит“ модните куќи, точкастите фустани се главните ѕвезди на сезоната. Може да се најдат од елегантни модели до фустани за „кежуал“ пригоди па се до секси фустанчиња за вечерни излегувања. Во комбинација со чизмички, пролетни чевли или патики, а во текот на летото – со нежни сандалчиња или балетанки, точкастите фустани секогаш ќе изгледаат одлично и ќе додадат шармантност.

&other stories

 

Во фотогалеријата ги претставуваме најубавите модели на точкасти фустани од понудата во пролетните колекции на популарните модни марки.

x

Check Also

Џиџи Хадид носи ремен и елек од новата колекција на MANGO

Топ моделот Џиџи Хадид е фотографирана во „кежуал“ издание, во макси фустан ...