Што ни носи долгоочекуваната колекција од H&M

Со организирана забава во Лос Анџелес, модната марка H&M ја претстави новата долгоочекувана Conscious Exclusive колекција. На забавата присуствуваат бројни познати имиња од модниот и филмски свет, меѓу кои и Ирина Шаик, Дакота Фенинг, Амбер Валета и Халима Адем, облечени во моделите од новата колекција.

Акцентот е на лековитата моќ на природата – креациите се изработени од одржливи материјали. Колекцијата ќе биде во продажба од 11-ти април во сите продавници на модната марка ширум светот.

Conscious Exclusive претставува баланс меѓу гламур и иновативност, па модните парчиња подеднакво убаво може да се носат и за посебни пригоди, како и за секојдневни излегувања.

Од палетата на бои доминираат нијансите на лаванда, боите на песокот, тиркизно сината и петројел нијансата, како и розовата, златната и сребрената боја.

x

Check Also

Must-have парче за ова лето: Каролина во Mango заводлив комбинезон

Продолжува соработката на Mango Македонија и познатата пејачка Каролина Гочева. Ова лето ...