Селен Дион има околу 10.000 чифта чевли

Ако мислите дека сте луди по нов чифт чевли, иако имате безброј чевли, почекајте да слушнете за колекцијата на чевли на Селен Дион. Селен Дион има цел магацин полн со чевли.

Оваа информација Дион је пласираше во емисијата Carpool Karaoke со Џејмс Корден. Додека се возеа во автомобилот на Корден низ Лас Вегас, Корден ја праша петкратната добитничка на Греми за нејзината колекција на чевли.

Дион прво забележа дека има 3 илјади до 5 илјади чифта чевли, но кога Корден напомна дека слушнал дека таа има околу 10.000 пара чевли, Дион одговори.

-Можеби, не сакав тоа да го кажам.

Во 2017 година, пејачката за WWD  кажа дека има 10.000 пара чевли.

Потоа, Корден ја препраша Дион каде ги чува овие чевли.

-Имам цел магацин на чевли во Лас Вегас, одговори таа и продолжи да објаснува за проблемот за чувањето на чевлите.

Погледнете го интересното видео.

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...