12 идеи како да го комбинирате „анимал“ принтот

Принтот над принтовите за оваа сезона е анимал принтот, кој може да е змијски, зебраст, леопард…, кој може да се носи како дел од гардеробата, од „главата до стапалата“, или како моден додаток – чанта, чевли и чизми.

Но, најчесто модните комбинации со трендовскиот „анимал“ принт создаваат дилема како да ги носиме, а при тоа да не изгледаме кичесто. Лошо искомбинираниот „анимал“ принт, може лесно да предизвика голема модна утка, додека вешто смислените модни комбинации знаат да бидат вистински моден погодок.

За волја на вистината, не треба толку да се плашиме од навидум тешките комбинирања на „анимал“ принтот со останатиот дел од гардеробата, зашто бројни се привлечните решенија. На пример, кога го комбинираме со црвена нијанса, никогаш нема да згрешиме. Подеднакво важи и за пастелните нијанси, светло сината и портокаловата нијанса. Посмелите, слободно можат да го носат леопард принтот со нагласени цветни комбинации, или со друг принт но во неутрални тонови.

Еве ги идеите од уличната мода за инспиративни модни комбинации со леопард принт.

 

x

Check Also

Мрзлив викенд е да си шопингуваш од дома преку апликација на -15%

Недела е прекрасен ден да си бидете дома, да си уживате сами, ...