12 плишани фустани од зимските колекции на популарните модни марки

Од едноставни кроеви совршени за дневни излегувања до елегантни вечерни креации, фустаните од плиш оваа зима носат одличен одговор за секоја пригода.

mango

За разлика од ланската година, годинава на модната сцена се вратија мини фустанчињата од плиш кои супер „стојат“ со високи чизми. Уште еден тренд на сезоната се и плишаните фустани со извезени флорални мотиви кои на романтичните модели им додаваат и бохо-изглед.

Од палетата на бои доминираат синиот и зелениот плиш кои изгледаат многу елегантно, но тука се и трендовските црвени креации за посмелите или пак за „дотерувања“ за посебни пригоди.

Во фотогалеријата погледнете ги најубавите модели од понудата на „хај-стрит“ модните марки.

x

Check Also

Ексклузивните производи на Fashion Group поблиску до вас – отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, ...