12 трендови на боја на коса за 2017 година

Новата година започна и веќе знаете што значи тоа – нови трендови на боја на коса. Можеби изгледа дека ништо ново не се нуди, со оглед на тоа што повеќето од новите трендови веќе сме ги виделе во изминатите неколку години. Најпосле, може ли нешто да ја надмине убавата сива нијанса или шатирањето?

Еве што сугерираат познатите стилисти.

Шатирана коса

Шатирањето како техника продолжува да расте во популарноста. Одличен избор е за сите оние кои сакаат нешто да променат на косата, без да очекуваат непријатни изненадувања, објаснува Аби Халити, експерт за шатирање на коса во салонот Џулиен Фарел во Њујорк, кој соработува и со Оливија Палермо.

Тигарско око

Именувана според  каменот, техниката тигарско око претставува микс од убава карамела нијанса и длабока браон нијанса. Одлично стои и на долга и на куса коса.

Вергара коса

Мислете на Џеј Ло и Софија Вергара кога мислите на шатирањето тигарско око, објаснува Алисон Рапел.

Мешавина на „плаво“

Трендот на мешање на „плава“ боја продолжува, вели Тилер Колтон, стилист кој соработува со Розелин Санчез и Констанс Ву. „Таканаречената колор мелтинг техника е нов тренд кој им овозможува на стилистите да употребуваат мултиплицирани тонови кои се разликуваат од коренот до врвовите на косата“.

Мешање на кафеави нијанси

Различно од шатирањето, но многу слично, техниката колор мелтинг овозможува повеќе флуидни нијанси на една боја.

Медово руса со шампањ руса

За русокосите, нов тренд е мешање на две нијанси и тоа на медова нијанса со шампањ нијанса, објаснува Тилер Колтон.

Металик нијанси

Металик тоновите се многу популарни, вели Алисон рапел и додава – Овие тонови вклучуваат „метал“ како завршеток и може да варираат во нијансите.

Нова сива

Алисон Рапел ги препорачува сивите нијанси. „Препорачувам тонирање секои четири до шест недели за да се одржи живоста на бојата и косата да изгледа во одлична состојба“.

Сребрено руса

Како што забележавме на Златните глобуси, голем камбек има сребрено русата коса која го симболизира стариот холивудски гламур, вели Марис Амброс. „Убаво, женствено и елегантно, со вибрации на 70-те години“.

Екстра платинум руса

Инспирирајте се од Кајли Џенер, ѕвездата која речиси секој месец ја менува бојата на косата. Супер платинум блонд ќе биде тренд боја за 2017 година.

Розово златно руса

На русокосите за време на пролетната сезона им ја препорачувам розовото-златна руса, вели Сем Рувинов, стилист во њујоршкото студиот Џулиен Фарел.

Розово златно кафена

За оние со кафеава коса пак, Сем Рувинов ја препорачува нијансата розово златно кафена.

x

Check Also

Причини поради кои брзо ви се создаваат брчки на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...