Кралицата Летиција во фустан од Зара кој чини 29 евра

Шпанската кралица Летиција продолжува да носи модни парчиња од „хај стрит“ модните марки, кои имаат многу пристојни цени. Неодамна таа носеше чевли од Steve Madden.

Кралицата Летиција сака да се облекува елегантно, но економично. Често знае да облече модни парчиња од Зара и Асос.

Вчера, на настанот во Палатата Сарсуела во Мадрид, таа одбра твид фустан со кратки ракави кој чини помалку од 50 евра.  Станува збор за модно парче од актуелната колекција на Зара кој во продажба чинел 90 евра, но благодарение на летните попусти, кралицата го купила за 29.90 евра.

Изгледот е надополнет со црни салонки на високи потпетици.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...