Анџелина Џоли во лелеав бел фустан од Celine

По разводот со Бред Пит, познатата глумица, Анџелина Џоли, се посвети на децата и на работата. Но и покрај бројните обврски, вниманието го привлече со белиот моден избор.

Неодамна, глумицата е забележана во Париз, кадешто ја извршувала обврската како амбасадорка на брендот „Guerlain“ –француска козметичка куќа. За оваа пригода одбра лелеав бел фустан од модната марка „Celine“.

Плисираниот фустан со миди должина, глумицата го комбинираше со светло-кафени чевли со високи потпетици, кафена чанта и ремен и очила за сонце од Ив Сен Лоран. Нејзината насмевка на лицето, беше дополнителен украс кој привлече внимание.

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...