Таканаречениот 200 Амстердам е нов облакодер кој „никнува“ на Мехнетен, а ќе биде пуштен во употреба догодина.

Облакодерот има 52 ката, смесетн е во срцето на плоштадот Линколн, а висок е 204 метри – што го прави највисок во овој дел од крајот. Градбата е подеднакво импресивна и кога се гледа „од земја“ како и во ентериерот. Распоредот на просторот е великодушно осмислен, а панорамата која ја нуди е една од најдобрите во градот.

Комплексот ќе содржи 112 станови – од еднособни со цена од околу 2.65 милиони долари, па до многу луксузни пентхауси со цена од околу 40 милиони долари и со 600-ни квадратни метри.

Ѕирнете како ќе изгледа.


x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...