124 години со фенот и неколку занимливости кои можеби не ги знаете

Ниту еден фризерски салон денес, но и дом, не може да се замисли без фенот. Првиот фен бил патентиран на 18 септември 1890 година во Париз.

fen77

Едно истражување тврди дека дури 95 отсто од домаќинствата во западниот свет имаат по еден фен. Друго истражување пак вели дека пред да биде измислен фенот голем број на жени косата ја сушеле со правосмукалка. Искрено се соменваме во второво истражување, особено поради оние кои имале долги коси (а кој немал во тоа време?), а претпоставувате веќе и од каде ни е сомнежот…Сепак, поубедлива е претпоставката дека инспирацијата за создавање на фен доаѓа од правосмукалката.

Но да се свртиме кон историјата на фенот. Во 1880 година низ Европа настапува фаза на разој на нови идеи за хигиена и здрава исхрана. Прво се појавуваат нови изуми за подигнување на хигиената во домот, а дури подоцна и за хигиената во купатилата.

Првиот фен бил измислен и патентиран од страна на францускиот фризер Александар Годфој кој прв го применил во својот салон во Париз во 1890 година.

Првиот фен

Првиот фен

Десет години подоцна се појавува и првиот производител на фенови за коса, а тоа е германската компанија АЕГ, и произведена е првата серија на фенови за продажба. Всушност не станува збор за фенови туку за хауби за сушење на коса со пластична ограда под која се става главата, и тие не биле  наменети за масовна продажба туку за фризерските салони.  Дури во 20-те години на следниот век феновите се појавиле и во масовна продажба.

fen 1

Во облик сличен на денешните фенови, но многу тежок за држење, се појавува во 1915 година.

fen 4a

Иако денес масовно се употребува, многумина не знаат дека во текот на фенирањето не е важна температурата која фенот ја постигнува туку силата на воздухот кој го испушта.

Во последниве неколку години најактуелно станува таканареченото бразилско фенирање кое трае околу еден час, во зависност од должината на косата, со нанесување на кератин на косата и употреба на специјална пегла под висока температура.

 

x

Check Also

Кара Дел Торо позира во костими за капење од летната колекција на YAMAMAY

Со спонтана фотосесија направена на италијанското крајбрежје, моделот Кара Дел Торо ги ...