Каја Гербер и Пит Девидсон во љубовна романса

Топ моделот флертува со поранешното момче на поп ѕвездата, фотографирани се во Њујорк како се бакнуваат.

Ќерката на Синди Крафор, Каја Гербер, е „уловена“ во друштво на комичарот од Saturday Night Life (поранешен дечко на Аријана Гранде) на една улица во Њујорк. Пит Девидсон е фотографиран додека излегува од апартманот на Менхетен со топ моделот. Претходно пак, „уловени“ се заедно во еден ресторан на СоХо.

Пит има 25 години, актер е, комичар, а на телевизија е од 2013 година. Од 2014 година е дел од Saturday Night Live како еден од најмладите комичари на програмата. Познат е по бројните флертови со моделки, пејачки и глумици. Во неговиот живот влезе и Аријана Гранде, за која, додека беа во врска (2018), изјави дека е најголема негова љубов. Двајцата одлучија да се венчаат само месец по забавувањето, но додека ја бараа куќата во која би живееле заедно, ја прекинаа врската.

Каја Гербер и Пит Девидсон се запознале минатиот јуни кога и двајцата настапиле на њујоршката ревија на Александер Ванг. Инаку, жените зборуваат за Пит дека е симпатичен, но проблематичен.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...