Камила Гудис е „архитектот“ на огромното слабеење на англиската пејачка која ги предизвика контроверзните реакции на обожавателите и социјалните мрежи. На телевизија ги откри деталите за диетната програма на ѕвездата.
Личниот тренер на Адел, Камила Гудис ги откри деталите за диетата и тренингот што британската пејачка ги помина последните месеци. Зачудувачкото губење на тежината ги шокираше социјалните мрежи и ги подели обожавателите. Сите се прашуваат: дали е правилно да се направат толку радикална промена на телото за толку кратко време? Трансформацијата, според веб-страницата „Фокс њуз“, ги има своите корени не толку во потрагата по естетски совршено тело, туку во желбата да се биде подобра мајка. Но, тука се деталите што ја објаснуваат оваа промена.
Мајка со здрав стил
Мисијата на Адел (некогаш голема поддржувачка на женските облини) беше едноставна: фит и здраво тело. Оваа цел стана уште поголема особено по неодамнешниот развод од таткото на нејзиното дете. Пејачката се сврте кон бразилската нутриционистка Камила Гудис, со прекар – Волшебничка на бразилските тела, која веќе беше инструкторка на нејзината пријателка Ајда Филд,(сопруга на Роби Вилијамс). На телевизиска емисија, Гудис откри дека новата дневна рутина на Адел е составена од мешавина од нови навики во исхраната и вежби.
Почеток: (само) илјада калории на ден
Според Камила Гудис, Адел не е премногу слаба, всушност, таа е во одлична форма. Таа поентираше дека пилате вежбите се секундарни во оваа промена на Адел, бидејќи тие се фокусирани на структурата на абдоменот и држењето на телото, додека вистинскиот одговор за драстичното слабеење, односно 90 отсто, била диетата. Клучна храна? Чај од мача, јагоди, лисната зелка, соја и леќа. Но, малку црвено вино, темно чоколадо и кафе, исто така, се дозволени во планот на исхраната, додека индустриската храна е апсолутно исклучена.
Првата недела е најтешка, со само 1.000 калории на ден и диета заснована на сокови од зеленчук и овошје.