Моника Блажевска, сликарка и моден креатор: Предност ѝм давам на природните материјали, памукот, свилата, ленот…

На модни теми муабетиме со Моника Блажевска, сликарка, графички дизајнер и моден креатор. Освен по впечатливите креации кои ги дизајнира, Моника е позната и по аплицирањето на слики на текстил, осносно на модните парчиња.

Од неодамна, таа има ново модно ателје, со многу необичен, креативен изглед.

Се занимаваш со повеќе уметности, сликарство, графички дизајн и моден дизајн. Што ги поврзува овие три уметности и во која се чувствуваш најдобро, како риба во вода?

– Сликарството e мојата прва љубов, така и ќе остане, бидејќи мислам дека најголема моќ може да има насликаното платно, додека пак, графичкиот дизајн е доусовршување на мислата на уметникот и негово визуелно претставување на дизајн решенија. За модата, никогаш доста од експериментирање и дотерување.
Уметноста и дизајнот можат да бидат поврзани, убави, но и функционални, само доколку паметно се спојат, баш како рибата со водата.

Неодамна го отвори своето модно ателје. Какви креации нѝ нудиш? На кои принципи ќе функционира?  

– Веќе четири години професионално го градам мојот бренд под името „БМ Дизајн Моника“, кој веќе од галерија со убав излог го преселив во ново модно атеље на нова локација, со една нова енергија и чувство на домашна атмосфера. Овојпат, деловниот простор нѝ дава нов начин на функционирање и продажба на креацииите. Тоа значи дека секој клиент треба да го закаже својот термим, да дојде во веќе договореното време и да ја претстави својата идеја или пак, да купи веќе готова креација.

На кои материјали им даваш предност? Од каде ги набавуваш материјалите? 

– Секогаш предност им давам на природните материјали зашто се поквалитетни и полесни за работа, како што е памукот, ленот, свилата и многу други, но претежно работам на сите материјали, како и по нарачка со материјал од клиентот кој бара уникатно цртано парче облека.

Кои се твоите клиенти?  

– Моите клиенти се од сите возрасти. Кога работам графички дизајн претежно работам за фирмите кои бараат ново брендирање, облеката ја нарачуваат речиси сите како за подарок така и за себе. На тој начини сликарството си ги наоѓа љубителите на вистинската уметност.

Позната си по аплицирањето на слики, односно цртежи, на модните парчиња кои ги дизајнираш. Каков е процесот на изработка за бојата да не се изгуби при перењето? Врзана ли си за одреден мотив кој го аплицираш или зависи од желбата на клиентот?

– Боите со кои го работам текстилот се водоотпорни и секако високо квалитетни, па така, без проблем можат слободно и нормално да се одржуваат. Мотиви има разни и за сечиј вкус, веќе изработените парчиња се мои лични идеи, а нарачките се секако по желба на клиентот.

Кој и што ја „уби“ елеганцијата? Како ја загубивме низ годините? 

Ако веќе добро го разбрав терминот елеганција во модата, тоа е избор на секој од нас. Лошото е во тоа што премногу гледаме и внесуваме сè, особено во ова време на социјални мрежи кои аплицираат секаква елеганција и тоа го нарекуваат мода.
Јас би рекла, сè што лета не се јаде, така што изборот е ваш.

Што им недостига, во однос на модните изгледи, на популарните личности, особено на естрадните кои се појавуваат по фестивали, како и на телевизиските водителки? 

-Mислам дека сега има премногу облека на пазарот, но истата нема никаква уникатност. Работите цело време се повторуваат во ист крој, но различна боја, во зависнот од сезоната, која нијанса е популарна во тој период, и тука сè завршува. Но, сепак, за среќа мислам дека последниве години некои естрадни личности изградија свој стил и внесоа повеќе храброст на сцената. Ако во тоа придонес имале социјалните мрежи или пак, некој моден стилист, тоа би значело дека сепак некои го направиле вистинскиот избор.

 Како според тебе треба да изгледа една модерна девојка/жена? За која Македонка мислиш дека има изграден, препознатлив стил? 

– Немам некој дефиниција за модерна девојка, но ќе кажам дека пред сè секоја жена треба да знае какво тело има, што и недостасува, што треба да прикрие, а што да истакне. Не може секој да носи кратко здолниште или пак тесни панталони, висок или низок струк…Се прават грешки кои, на крај, изгледаат невкусно, затоа што сакајќи да покажеме нешто повеќе ние истакнуваме дел кој е беспотребен или пак, воопшто го немаме. Затоа и постојат модата и кројот за секој од нас, кога вистинскиот крој ќе го ставиме на вистинското место тоа е модерна девојка. Сè останато се детали кои треба само да ја доистакнат уникатноста на една личност. Како убава Македонка која подолги години е на сцената и има свој препознатлив стил, особено на Ноќта на Оскарите би ја издвоила Миланка Рашиќ со која и веќе имаме неколку модни соработки.

#drawing #tshirt #daftpunk #electronicmusic #3defects #new #thanks #myclient @simona.lionslike @bm.artidesign

Публикувахте от Monika Blazhevska в Неделя, 2 февруари 2020 г.

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...