Наоми предизвикана од Шарапова постираше видео како се мијат рацете

Супермоделката Наоми Кемпбел постираше видео на Инстаграм во кое објаснува како правилно се мијат рацете.

Безбедност пред се. Ова е мотото на Наоми Кемпбел, која за светски вонредните состојби поради коронавирусот ги користи социјалните медиуми за да ја подигне свеста на јавноста на темата хигиена и заштита за себе и за другите.

Во хаштагот ги „предизвикува“ нејзините добри пријатели моделките Кристи Тарлингот и Синди Крафорд, и модниот дизајнер Пјерпаоло Пичоли.

Инаку, актуелно е сега предизвикувањето на ѕвездите од други ѕвезди во однос на хигиената и коронавирусот. Имено, за да го постира ова видео, претходно Наоми беше предизвикана од Марија Шарапова.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Летиција од Шпанија работи во домашна атмосфера со мокасинки

Шпанија доживува тежок период поради итните случај од коронавирусот. Па дури и ...