Јајцата со мермерен ефект се хит за овој Велигден, направете ги сами по оваа постапка

Годинава ќе бидеме ограничени и нема да можеме велигденските празници да ги прославиме со најблиските и поширокото семејство, но затоа може да бидеме креативни и да го изработиме хитот на оваа година – мермерни јајца.

Секоја година наидуваме на различни предлози за бојадисување и украсување на велигденските јајца. Годинава, во мода се јајцата со мермерен ефект кои секој може да ги направи на свој креативен начин.

Ваквото бојадисување на јајца на некласичен начин, со ефект на мермер, може да биде многу елегантно решение.

Мермерниот ефект можете да го добиете со помош на вода и лакови за нокти, а нијансите ќе ги изберете во зависност од боите кои ќе преовладуваат на празничната трпеза. Во овој случај, тоа се црната, сивата и нежната виолетова нијанса.

 Измешајте во пластична чаша со вода една по една боја и додека сеуште „пловат“ на површината, натопете го јајцето за бојата да ја прифати на себе. Резултатот е – ефект на мермерно ишарана површина.

Натопеното јајце во чашата, внимателно извадете го и оставете да се исуши. Потоа наредете ги јајцата во соодветен елегантен сад.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ – Literatura.mk Superstore

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...