Занзибар, небесен агол на светот

Дали барате див празник опкружен со природа? Занзибар е дефинитивно една од најпосакуваните дестинации, дознајте кое е најдобро време за да ја посетите, се разбира после коронаризата.

Кога сме во Занзибар, со телото или со умот, ние сме во Африка. Меѓутоа, тое е една посебна Африка. Како да плови на Индискиот Океан. Не напразно патувањето до Занзибар е едно од најпосакуваните за туристите, тоа е всушност, не само вистинско доживување туку и вистинско чудо. Но, кога да одите во Занзибар? Пред да заминете, всушност, ќе треба да се оцени кој е најдобриот период за максимално да уживате во природата што ја има Занзибар.

Занзибар е архипелаг кој е оддалечен 25 до 50 километри од копното на Танзанија. Самиот архипелаг е составен од бројни мали острови, меѓу кои најголеми се Унгуџа, кој се смета за главен остров и познат и под името Занзибар, и Пемпа. Главниот град на оваа полуавтономна единица е Занзибар, кој се наоѓа на островот Унгуџа. Токму природа им дава форма на овие мали делови од земјата, ситни во споредба со африканската големина. Ретки животни живеат тука. Меѓу нив и прекрасни пеперутки, мајмуни, диви свињи и антилопи, но, и ендемичниот леопард (можеби изумрен, бидејќи последното гледање датира од 2017 година).

Занзибар и неговите прекрасни острови пред сè се рај за љубителите на морето и плажите. Волшебни плажи, каде речиси се чини дека човечкото суштество оттука поминало само еднаш: доволна ви е само една секунда да почнете да сонувате и да посакате да живеете таму вечно. Покрај кристално чистото море, околниот пејзаж е изненадувачки: уникатна, посебна, бајковита природа.

Меѓу најпознатите плажи е Кивенгва, плажа од 5 км со бел песок и палми. Или Мујуни, помалку позната плажа, но  изолирана.

Туристите најчесто се сместуваат во бунгалови кои заземаат дури 80 отсто ос структурата на туристичкото сместување. Куќичките се направени во национален стил и овозможуваат потполно да нурнете во егзотичниот Занзибар. Хотелите пак, се дизјанирани во европски стил и нудат висока удобност, а често се и комплекси со базени, ресторани и СПА.

Плажи, забава, спорт…но кога сте веќе тука, не пропуштајте сафари во Танзанија за да ги видите дивите животни во нивната природна средина, како и посета на националниот парк каде живеат антилопи, мајмуни, колобуси, големи желки…

Доживувањето на убавините на Занзибар не би било можно без добра клима. Затоа е добро е да се знае кога да се посети овој небесен агол на светот. Занзибар се наоѓа јужно од екваторот, тоа значи дека во текот на календарската година не постои голема варијација на температурите, кои секогаш се околу 25 степени. Сепак, постојат две главни сезони. Едната е од декември до февруари, а втората – од јуни до октомври. Во останатите месеци не е препорачливо патувањето поради тоа што е или многу жешко и лесно се надминува темпертурата од 30 степени, или е времето дождливо. Дождовите паѓаат помеѓу март и мај, ни и во текот на целиот ноември. Во овој период, грмежите се чести, а климата е непријатно влажна.

 

x

Check Also

Формирана  „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП)

Викендов во Скопје, во хотелот „Панорамика“  беше претствена новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација ...