Една од најпознатите супермодели Наоми Кемпбел и една од најбараните визажистки Пет Мек Грат официјално договориле соработка за Pat McGrath Labs – бренд за производи за убавина и шминка.
Списанието Тајм минатата година ја рангираше Грат меѓу највлијателните луѓе, а уредничката на Вог, Ана Винтур, ја прогласи за највлијателна визажистка во светот. По над две децениска успешна кариера, за промоција на нејзините производи на Пет и се придружи нејзината пријателка Наоми која ќе биде глобално лице во кампањата. Наоми ќе учествува и во новата McGrath Masterchat серија на Инстаграм.
-Наоми е убавица без споредувања, но тоа што ја прави посебна и наша муза, е нејзината легендарна верност, неспоредливо ретка етика и возвишеност на духот, вели Пет.