13 видови храна со негативни калории за брзо слабеење

Храната за која телото ќе потроши повеќе калории за да ја свари отколку што таа самата има е од голема помош во губење на килограмите.

hrana-1

Домати

Еден домат со средна големина содржи околу 22 калории, а телото за неговото разградување троши околу 60 калории. Содржи повеќе од 90 проценти вода и мали количини на јагленохидрати, протеини и масти, а богат е и со витамин Ц, Б, Е и К, каротеноиди и ликопен. Бидејќи  го стимулира лачењето на вода од телото, тој е идеален за сите кои сакаат да ја намалат својата тежина.

Аспарагус

Оваа исклучително здрава храна, исто така делува како диуретик и го отстранува вишокот вода од организмот. Таа содржи само околу 10 калории по врзоп, а најдобро е да се јаде аспарагус подготвен на пареа за чие разградување телото ќе потроши четири пати повеќе калории отколку што тој содржи. Тој е богат со витамин Ц, Б6, А и рибофлавин, растителни влакна и магнезиум.

Краставица

Една чаша сечкана краставица има само 15 калории, а за да ги разгради телото ќе потроши  двојно повеќе. Овој зеленчук е богат со растителни влакна и е одличен стимулатор на варењето. Таа е богата со калиум и витамин Ц.

hrana-3

Целер

Целерот со средна големина има само шест калории, а телото за неговото разградување троши околу 50 калории. Тој е богат со растителни влакна и одличен е извор на витамин Ц, антиоксидансот кумарин и витамините Б комплекс.

Моркови

Околу 100 g свеж морков содржи 41 калории, а телото троши околу 60 калории за разградување. Тие се одличен извор на витамин А и каротеноиди, како и диететски влакна, витамин Ц и калиум. Покрај тоа, тие се богати со природен шеќер и се одличен начин да се „засладите” за време на диета.

Брокула

Околу 100 грама брокула содржи 25 калории, додека телото на нејзиното разградување ќе потроши дури 80 калории. Таа е богата со витамини и минерали, а поради своите лековити својства  беше прогласена за најдобар сојузник во превенција од рак.

Broccoli with celery and radish salad

Ротквици

Една голема ротквица содржи само една калорија, а за да ја разгради телото  потребно е најмалку три калории. Тие се одличен извор на витамин Ц, а благодарение на нејзините својства го стимулира согорувањето на мастите во телото.

Грејпфрут

Има само 32 калории во 100 грама грејпфрут, а на телото му е потребно дури и да го удвои тоа за да го свари . Ова здраво овошје е познат сојузник во губењето на вишокот килограми бидејќи тоа ги напаѓа масните клетки, а е богато со витамините Ц и Б6, тиамин, рибофлавин и растителни влакна.

Печурки

Околу 100 грама печурки содржат 18 калории, а телото троши околу 55 калории додека ги вари. Од сите габи, печурките се најбогати со протеини и се одличен извор на рибофлавин, селен и инулин, а не содржат скроб.

hrana-5

Марула

Чинија зелена салата  содржи околу осум калории, а бидејќи поголемиот дел е составена од вода, на телото му е потребна и три пати повеќе енергија во форма на  калории за да ја разгради. Таа е богата со железо, магнезиум и витамини, и е суштински прилог на било која здрава исхрана.

Зелка

Во 100 грама зелка има само 20 калории, а за разградување на телото потребни му се три пати повеќе калории. За варена зелка телото за  разградување ќе потроши двојно повеќе. Таа е одличен извор на витамин Ц, бета каротин , витамин А и минерали.

hrana-2

Лубеница

Една чаша сечкана лубеница содржи околу 80 калории, и покрај тоа што е богата со природен шеќер, телото сепак троши околу 90 калории за да ја свари. Таа е богата со вода и го поттикнува отстранувањето на токсините од телото, и е идеална десерт за оние на диета.

Јаболка

Средно големо јаболко содржи околу 100 калории, а телото троши околу 120 калории за да го свари. Покрај тоа, јаболката се одличен избор на овошје за појадок, бидејќи тие го поттикнуваат вашиот метаболизам. Тие се богати со витамин Ц и антиоксиданси  и помагаат за да се намали лошиот холестерол.

x

Check Also

Нутириционистите тврдат: Ова е појадокот ако сакате да го „стопите“ стомакот

Ова е еден од најздравите и највкусните појадоци, зашто во себе содржи ...