Барате име за девојченце? Еве инспирација од популарните хавајски имиња, звучни и незаборавни

Ако размислувате за име на вашето бебе девојченце, а сакате да биде необично, странско, егзотично, можеби би ве интересирале популарните хавајски имиња.

Сите хавајски имиња се звучни, посебни, а имаат и интересни значења.

Интересно е дека на Хаваите постои долга култура на универзални – унисекс машки и женски имиња кои може да се даваат и на момченцата и на девојченцата.

Хаваиските имиња се популарни низ светот бидејќи се најчесто кратки и ефектни, но постојат и едвакво звучни подолги варијанти кои би можеле да ви се допаднат.

Еве некои од популарните за инспирација.

Aилани (висока поглаварка)
Aкела (благородна)
Aлани (дрво портокал)
Kаја (од морето)
Kаена (прославена)
Kалеа (полна со радост)
Kaмеа (една и единствена)
Лана (мирна како мирна вода)
Лани (небесна жена)
Леилани (небесен цвет)
Лони (лавица)
Луана (среќа)
Ноелани (небесна магла)
Налани (небесна тишина)
Наја (делфин)
Малана (смирувачка)
Моана (од океанот)
Oлина (радосна)
Taлеи (драгоцена)
Улани (весела)

x

Check Also

Не ја пропуштајте оваа фантастична можност: Најмалата летна количка на светот според Гинисовата книга на рекорди gb Pockit со 40% намалување!

Сте слушнале за суперпрактичната и најмала летна количка во светот според Гинисовата ...