Џенифер Лопез во бел проѕирен фустан „мејд ин Итали“ во новиот спот

За новиот сингл кој го изведува во дует со колумбискиот рапер Малума, Џенифер Лопез избра мал бел проѕирен фустан.

Фустанот, со миди должина, е од колекција пролет/лето 2019 на италијанската модна марка Џени.

Фотографиите се најдоа и на официјалната Инстаграм страница на брендот Џени.

На објавениот видео-клип се гледа дека Џенифер го носи овој фустан со бело палто од истата модна морка. Сара Каваца Факини, креативна директорка на „Џени“ коментира вака:

„Ова е гордост за италијанскиот стил што отсекогаш ја разликувал нашата земја“.

x

Check Also

Дуа Липа го рекламира новиот парфем од Сен Лоран – YSL Libre Intense 

Поп пејачката Дуа Липа се врати во нова соработка со луксузната модна ...