Дали Ана де Армас е соодветна копија на Мерилин Монро, што мислите?

На социјалните мрежи е актуелна дискусијата за тоа дали Ана де Армас верно го отсликува ликот на Мерилин Монро на промотивните снимки за новиот филм насловен „Русокоса“, посветен на животот на најславната русокоса жена во светот, Мерилин Монро.

Природната нијанса на косата на Ана де Армас е костенлива.

Мерилин Монро и понатаму не престанува да ги привлекува режисерите да снимаат филмови посветени на неа. Последен во низата е режисерот Ендру Доминик кој ја одбра кубанско-шпанската актерка Ана де Армас за улогата на Мерилин Монро во неговиот нов филм „Русокоса“. Шминкерите и стилистите очигледно вложиле голем труд за улогата на Ана, а првите фотографии излегоа во јавност. Мислењата пак, се поделени, некои сметаат дека таа е добра копија на Мерилин, други пак, дека не е толку успешна. Инаку, филмот ќе се прикажува на Нетфликс.

Што мислите вие?

x

Check Also

Оригинални идеи за подарок по повод Денот на вљубените

Доколку сте личност која има навика да ги одложува обврските, особина која ...