Кралски изглед на денот – Црвеното макси палто на Кејт Мидлтон

Во сезоната на палта, јакни и блејзери, војвотката од Кемриџ воодушеви со својот моден избор.

Војвотките и принцезите продолжуваат да се појавуваат во јавноста, иако со соодветна претпазливост. Кејт Мидлтон маѓепсува со новиот црвен капут со дворедни копчиња,  долг до глуждовите, од луксузната модна марка Александар Меквин. Црвената нијанса е новата црна за жените од европските кралски семејства. Пред војвотката од Кембриџ, неколку дена претходно во црвен моден избор ги видовме и Максима од Холандија и Летиција од Шпанија.

Палтото кое го носи Кејт Мидлтон е многу слично на црвеното палто што го носеше Лејди Дајана во 90-тите години.

И додека Лејди Ди модната комбинација ја надополни со впечатлива црвена шапка, согласно „новото нормално“ време, војвотката од Кембриџ носеше маска со дискретен принт.

 

x

Check Also

Дуа Липа го рекламира новиот парфем од Сен Лоран – YSL Libre Intense 

Поп пејачката Дуа Липа се врати во нова соработка со луксузната модна ...