Што се јаде на новогодишната ноќ во земјите низ светот

Во поголем дел од светот се прославува Новата година. Иако прославата секаде не се случува во ист ден, обележувањата се слични и обично содржат религиозни елементи и традиционална кујна.

Австралија

Поголем дел од Австралијанците новогодишните празници ги минуваат со семејствата и заедно учествуваат во подготвување на празничната трпеза. Бидејќи температурите се благи, оброците често се конзумираат на отворено, тоа е обично пикник, или на плажа. Типичното мени вклучува различни меса, морски плодови, тестенини и салати, а мини-колачињата и пудингот од сливи се задолжителни десерти. Обичајот е во пудингот да се стави бадем, а оној кој ќе го најде – ќе го прати среќа целата година.

Кенија

Божиќната вечерата вклучува риба и месо, а прославата се случува во домовите на најблиските. Nyama Choma е задолжителен специјалитет – а се подготвува од козјо или говедско месо.

Канада

Традиционалната божиќна вечера вклучува мисирка, пире-компир, сос од брусници и пудинг од суво грозје. Од пијалоци – Eggnog, се подготвува со млеко и алкохол. Традиционални десерти се мини-колачињата и малите овошни пити кои се носат при посета на пријателите или се служат за новогодишните забави.

Шпанија

Шпанците новогодишната прослава ја почнуваат во доцните вечерни часови на старата година. Специфично кај нив е што на полноќ секој јаде по 12 зрна грозје – по едно за секој месец. Типичното мени започнува со тапас, па потоа следува низа на главни јадења и задолжително мисирка.

Грција

Во Грција прославата се поклопува со Свети Василиј, па затоа се сервира василопита во која се става сребрена паричка. Кој ја пронајде паричката ќе биде среќен во целата година. На трпезата се наоѓа полнета мисирка, јагнешко месо и традиционалниот колач финикиа – бисквит натопен во мед.

Кина

За Нова година во Кина сите врати се украсени со нешто црвено – како боја на среќата. За новогодишната ноќ на масите нема ножеви зашто тие симболизираат спречување на семејната среќа. На трпезата се служи риба, свинско месо, тесто и овошје. Традиционало јадење е џиао зи – перничиња од тесто полнети со месо и зеленчук. На југот на Кина се служи супа со долги тестенини кои симболизираат долг живот.

Велика Британија

За Нова година, Британците внимаваат кој ќе им дојде прв на гости – ако е машко, тоа значи дека ќе бидете многу среќни цела година, додека ако прва ве посети жена – не треба многу да се надевате во новата година. Ако доаѓаат повеќе гости никако не смее прв да влезе гостинот кој не носи подарок. Точно на полноќ треба да се отвори предната врата за да се направи добредојде на новата година. Британците за Божиќ и Нова година јадат традиционален пудинг полн со бадеми и овошје.

Сицилија

Старите сицилијанци веруваат дека среќата ќе ги прати оние кои за нова година јадат лазањи, а несреќа – оние кои на тој ден јадат макарони или било која друга тестенина освен лазањи.

Норвешка

За Нова година Норвежаните јадат пудинг од ориз, а внатре сокриваат еден бадем. Пудингот се сервира во голем сад во кој се наоѓа само еден бадем. Се послужува во мали чинии, а се верува дека оној кој ќе го добие бадемот во својот дел од пудингот ќе има богата и среќна година.

x

Check Also

Американска пита од тиква

Американската пита од тиква во САД и Канада особено се подготвува за ...