Кралски изглед на денот: Ранија од Јордан во темносин фустан и балетанки

51-годишната Ранија од Јордан е една од најубавите жени во светот. Барем според Тајм, кој во 2006 година така ја дефинираше. Времето помина, но кралицата го задржува својот шарм и стил.

 

Новата фотографија постирана на Инстаграм (каде има над 6 милиони следбеници) ја покажува во лежерно-шик издание.

Ранија носи фустан без ракави во темно сина нијанса со везени рабови и „балон“ модел на здолништето. Изгледот е украсен со предимнзиониран шал со дискретни взови и ниски чевли. Целата комбинација таа ја носи на свој начин, оставајќи свој белег.

Инаку, Ранија од Јордан е позната по својот разумен и минималистички стил, но скогаш впечатлив, со кој се „натпреварува“ со претставничките на европските кралски семејства.

x

Check Also

Што мислите за новиот имиџ на Џенифер Лопез, со суперкратка коса?

На насловната страница на мартовското издание на модното списание „Алур“, Џенифер Лопез ...