МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: До кога ќе трае КОЛЕБЛИВОТО време? Не колебајте се да вложите во здравјето!

Пред нас, повторно, многу променливо време карактеристично со сончеви периоди, па нагли промени, ветер и пад на температурите, снег и дожд. Од денес повторно малку сонце. Најпогодени во вакви периоди со високи распони во температурните разлики, како што е случај оваа седмица, се метеопатите, но и постарите лица и децата, како и луѓето кои се постојано изложени на стрес. Затоа, треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси во исхраната или во форма на додатоци на исхрана.

Oд утре, па за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има повремени врнежи од снег.

Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека малку пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. И во Скоспкиот регион од утре времето ќе биде променливо облачно. Ќе има услови и за повремен локален слаб дожд. Утре исто така ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 и 13 степени.

Чувајте си го здравјето во периодов на час сонце, час дожд и снег! И работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот!

Ge 132+ Natural содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време во екот на пандемијата со коронавирус, се таргет на голем број експертски и медицински истражувања. Заклучокот е следен: компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.

Станува збор за комплексен препарат, кој содржи:

– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,

– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,

– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),

– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),

– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Понатаму, студиите потврдија дека:

– GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.

– Ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови.

– Корисен е за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.

– Го регенерира рековалесцентниот организам, па затоа во поново време се препорачува како пост-ковид терапија.

ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Натпросечно топли температури, проверете кога ќе има нагла промена на времето ужасна за здравјето!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...