13ти Фестивал на новиот германски филм: Современ германски бран во киносалите ширум земјава

Утревечер на 4 октомври, по 13ти пат ќе биде отворен Германскиот филмски фестивал во Скопје. Наградуваниот германски игран филм „Чик“ на култниот Фатих Акин ќе ја има честа да го отвори фестивалот со почеток во 20 часот во киното Милениум.

Особеност на овој фестивал е што филмската понуда не претставува само ексклузивно уживање за скопјани, туку филмовите на престојниот фестивал ќе може да ги погледне публика и во Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.

На самото отворање на фестивалот обраќање до публиката ќе имаат амбасадорот CР Германија во Македонија Н.Е Томас Герберих, госпоѓа Емилија Спировска од ПроКредит Банка како еден од организаторите изминативе 13 години и директорот на МКЦ, Златко Стевковски.

Во рамките на програмата се 10 современи германски наслови. По отворањето, фестивалот се сели во киното Фросина, каде ќе можат да се погледнат сите филмови.

Во Центарот за култура во Охрид фестивалот се отвора на 07 октомври и ќе трае до 10 октомври. Во центарот за култура во Прилеп филмовите ќе можат да се погледнат од 12 до 14 октомври, во Центарот за култура во Битола филмовите ќе бидат на репертоарот од 12 до 15 октомври. На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 23 до 27 октомври, во Центарот за култура во Кавадарци од 24 до 27 октомври, во Лоја – Тетово од 25 до 27 октомври. Во Центарот за култура Струмица од 1 до 3 ноември и во театарот во Велес од 3 до 5 ноември.

Уште поголема радост е што овој фестивал изгради традиција, која не само што ги задоволува вкусовите на вистинските сладокусци на седмата уметност, туку успеа да го надразни и љубопиството на оние, кои предходно немале изграден однос кон германскиот филм.

Следните скопски проекции на останатите филмови се закажани во киното „Фросина“ во рамките на Младинскиот културен центар во периодот од 5 до 9 октомври.

Филмови како: комично сатиричниот „Тој е повторно тука“ во режија на Давид Внент, драмата „Поздрави од Фукушима“ во режија на Дорис Дери, научно фантастичниот мистичен трилер „Ние сме плимата“ во режија на Себастиан Хилгер, трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде, детскиот филм „Авантурата на Нели“ во режија на Доминик Весели, филмот за деца и младинци „На иста висина“ во режија на Јоахим Долхопф и Ефи Голдбрунер, драмата „Време на канибалите“ во режија на Јоханес Набер, драмата „Херберт“ во режија на Томас Штубер и драмата „24 недели“ во режија на Ане Зохра Берахед.

И годинава, фестивалот (http://fngf.mk/demo/) носи филмови кои без исклучок отвораат современи општествени размислувања и теми, кои ќе не нурнат во длабочини, кои ќе не натераат барем за момент да се подзамислиме, да продискутираме и конечно да се погледнеме во огледало и да направиме чесен индивидуеален опит.

Уживајте!

x

Check Also

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ: Многу љубов за водните знаци, незаборавен за Лавовите

Во август планетата Венера ќе го напушти знакот на Близнаци и ќе ...